Свет
Швајцарските ски-центри погодени од сушата
Традиционалниот почеток на скијачката сезона во швајцарските змиски центри е расипан поради недостигот од снег, пишуваат локалните медиуми.
Традиционалниот почеток на скијачката сезона во швајцарските змиски центри е расипан поради недостигот од снег, пишуваат локалните медиуми. Оваа есен е најсушната досега во Швајцарија, според податоците на тамошните метеоролози. Недостигот од снег е лоша вест и за швајцарската туристичка индустрија, којашто и онака е погодена од јакиот швајцарски франк, што во моментов зимувањето во Швајцарија го прави многу поскапо од она во Австрија, Италија или Франција. Големите зимски туристички центри, како што с ена пример Давос или Сент Мориц, успеале само да стават во функција неколку скијачки патеки благодарејќи на снежните топови, но другите центри се принудени да го одложат почетокот на сезоната. Проблеми со недостигот од снег има и во соседните земји Така еден од хотелите на австриската планина Катшберг изнајмил 15 оџачари, коишто се симбол за среќа, да се молат да заврне снег. „Убедени сме дека сега ќе тргне“, вели управникот на хотелот, Волфганг Хинтерегер./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Турција претстави ново оружје кое може да погоди цели на оддалеченост од над 100 километри
Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија.
„Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари.
Новата муниција „Ерен“ е развиена од идеја до оперативен производ за помалку од една година, соопшти „Рокетсан“. Веќе е успешно тестирана на повеќенаменското борбено беспилотно летало „Bayraktar Akinci“, а се очекува сериското производство да започне оваа година.
Муницијата е дизајнирана да ги задоволи оперативните потреби на Турските вооружени сили, како и на партнерските и сојузничките земји. Може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, копнени системи за лансирање и поморски платформи.
Наменета е за справување со бавно движечки воздушни цели и оклопни и неоклопни копнени цели. „Ерен“ е опремен со напредни системи за наведување и има оперативен дострел од повеќе од 100 километри.
Свет
Кина нуди помош за Куба поради недостиг на гориво за авиони
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема извештаи за кинески државјани на Куба откако авиокомпаниите ги прекинаа летовите поради недостиг на гориво за авиони предизвикан од блокирањето на пратките од Венецуела од страна на САД, и дека секогаш е подготвено да „понуди помош“.
Портпаролот на надлежното министерство, Лин Џиан, изјави дека Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на националниот суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање, објави Ројтерс.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна колку што можеме“, нагласи тој.
Свет
Трамп бара половина сопственост врз мостот што ги поврзува Канада и САД: „Нема да го отвориме“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го блокира отворањето на нов мост што ги поврзува САД и Канада сè додека Вашингтон не биде „целосно компензиран“ за сè што му направил на својот северен сосед.
Меѓународниот мост Горди Хау, кој ја поврзува канадската покраина Онтарио со американската држава Мичиген, нема да се отвори сè додека Отава „не се однесува праведно кон САД и со почитта што ја заслужуваме“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си.
Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп рече дека САД треба да поседуваат „барем половина од овој имот“. Тој исто така тврдеше дека Канада е сопственик и на канадската и на американската страна од мостот. Според официјалната веб-страница на проектот, организацијата што го развива мостот, Windsor-Detroit Bridge Authority е во целосна сопственост на канадската влада.
„Канадската влада очекува од мене, како претседател на САД, да им дозволам едноставно да ‘ја искористат Америка!’“, напиша Трамп. „Нема да дозволам овој мост да се отвори сè додека САД не бидат целосно компензирани за сè што им дадовме“, додаде тој.
Не беше веднаш јасно како Трамп може да го спречи отворањето на мостот, но рече дека преговорите ќе започнат веднаш, без да даде детали.

