Свет
Напаѓачи во Сирија убија припадник на безбедносните сили и неговото семејство
Вооружено лице во Сирија убил еден припадник на безбедносните сили, и неколку негови роднини во невралгичниот град на Ал Камишли во североисточниот дел на земјата.
Вооружено лице во Сирија убил еден припадник на безбедносните сили, и неколку негови роднини во невралгичниот град на Ал Камишли во североисточниот дел на земјата.Како што пренесува агенцијата UPI повикувајќи се на извор од сириските безбедносни сили, потврдено е дека во нападот од саботата покрај нивниот припадник, исто така, биле убиени и жената на неговиот брат и неговите две деца на 5 и 15-годишна возраст.Телото на службеникот, наводно, бил изрешетано со 35 куршуми, а петгодишното дете било застрелано во главата.Градот Ал-Камишли е место на судири меѓу припадниците на безбедносните сили и групации коишто власта ги обвинува за поттикнување на насилството, коешто во Сирија започна во март годинава со големи постојани протести со кои се бара заминување од власта на претседателот Башар ал-Асад.Според официјален Дамаск повеќе од 1.200 припадници на безбедносните сили се убиени од страна на „терористичките елементи поддржани од надвор од земјата“.Во неделата сириската државна телевизија емитуваше снимки на кои се прикажуваат запленети оружје и „признание на терористички елемент кој опишува како тие добиваат оружје од странски извори за извршување на вооружените активности и убивање цивили и припадници на безбедносните сили“.Претходно во саботата државната сириска агенција SANA објави прилог во кој се покажани снимки од експлозивни направи пронајдени во северниот град Идлиб, во близина на границата со Турција. Во овој град во ноќта кон саботата во судирите меѓу безбедносните сили и дезертираните војници кои преминаа на страна на опозицијата, загинале 12 војници и пребези и тројца цивили. Минатиот викенд турскиот весник Milliyet пишуваше дека Франција ги испратила своите инструктори во северен Либан и во Турција, каде што се наоѓаат камповите на ткн Слободна сириска армија, група составени претежно од дезертери од регуларната армија, каде што ќе ги опремат и ќе ги обучат сириските бунтовници за поефикасна борба против сириската армија и силите за безбедност.Во написот на весникот, исто така, се тврди дека владите на Франција, Британија и на Турција „постигнале договор за испраќање на оружје за бунтовниците во Сирија“. Весникот додава и дека најголемата група вооружени дисиденти се наоѓа во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија./крај/птв/сана/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.