Свет
Американскиот министер за одбрана со совети за надминување на кризата во ЕУ
Американскиот министер за одбрана Тимоти Гејтнер изјави во средата во Париз дека Европејците успешно ќе се соочат со кризата во еврозоната што позитивно ќе влијае и врз САД
Американскиот министер за одбрана Тимоти Гејтнер изјави во средата во Париз дека Европејците успешно ќе се соочат со кризата во еврозоната што позитивно ќе влијае и врз САД и остатокот од светот, но како што пишуваат агенциите, Вашингтон покажа подготвеност да и’ помогне на ЕУ со совет но не и финансиски.„Нагласив колку за САД и остатокот од светот е важно Европејците да успеат и убеден сум дека ќе успеат“, изјави Тимоти Гејтнер по состанокот во Париз со неговиот француски домаќин министер за одбрана Франсоа Бароен.Пред самитот на Европската унија американскиот министер за одбрана ги обиколува престолнините на земјите членки на еврозоната со порака дека мораат да делуваат, при што во Берлин повика на „создавање фискална унија“, во чија централна улога треба да ја одигра Европската централна банка (ECB).ECB „треба да постави доволно силна противпожарна заштита“ со што ќе се спречи ширењето на должничката криза во еврозоната, ги цитира Reuters зборовите на Гејтнер.Меѓутоа, додека сад можат да ум се обратат на Сојузните резерви (Fed- тамошната централна банка) како последно прибежиште да земат кредит, членките на еврозоната немаат таква можност со ECB, а Германија којашто е најсилното стопанство во регионот, сака така и да остане, пишува Reuters.„Очите на целиот свет се свртени кон Европа“, изјави Гејтнер не ветувајќи ништо друго освен дека САД „ќе продолжат да го поддржуваат конструктивната улога“ на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во раководењето со кризата.ММФ, инаку, со месеци се обидува да ги зголеми своите извори за да би можел повеќе да интервенира отколку што тоа сега го прави. Извршната директорка на Фондот, Кристин Легард веќе даде оцена дека финансиските средства се „бледи наспроти потребите на земјите погодени од кризата и земјите колатерални жртви на кризата“. Меѓутоа, Вашингтон ја исклучи можноста да ги зголеми своите уплати во ММФ. „Нема разговори за зголемување на американските уплати во ММФ“, изјави американскиот амбасадор во Европската унија, Вилијам Кенард.Сите американски функционери, од претседателот Барак Обама, преку министерот Гејтнер и до првите луѓе на FED, секојдневно ја изразуваат загриженоста за европската криза којашто може да му наштети на американското стопанство. . Меѓутоа, дири и да сакаат, САД не може директно да ја помага Европа како во времето на Маршаловиот план по Втората светска војна. Буџетскиот кусок на САД изнесува околу 100 отсто од БДП-то, изјави Гејтнер во Берлин, потсетувајќи дека „и САД се соочени со многу тешки стопански предизвици“/крај/афп/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

