Свет
Четворица даночни инспектори суспендирани поради мито?
Инспекторите донеле решенија за отворање пет пломбирани објекти, што се смета дека е направено неосновано
Управата за јавни приходи го стега обрачот и околу сопствените вработени
Инспекторите донеле решенија за отворање пет пломбирани објекти, што се смета дека е направено неосновано
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Управата за јавни приходи го стега обрачот и околу сопствените вработени. Вчера УЈП суспендира од работа четворица даночни инспектори, на кои им биле одземени легитимациите за работа, поради отворање на пет претходно пломбирани објекти во Битола. Станува збор за двајца инспектори од Крушево и по еден од Охрид и Прилеп, кои ги уважиле жалбите на газдите на дуќаните и донеле решенија за нивно отворање по сопствено наоѓање, што се смета дека е неосновано. Според неофицијалните сознанија, во УЈП се сомневаат дека овие инспектори зеле мито и оти тоа е главната причина што одлучиле да се отворат локалите. Суспензијата ќе трае сў додека Секторот за внатрешна ревизија на УЈП води дисциплинска постапка, по што, доколку се потврдат сомневањата, веднаш ќе се поднесат кривични пријави против инспекторите, а во меѓувреме веќе се работи на нивната подготовка. Целиот предмет ќе Ј се предаде на Антикорупциската комисија.
Дуќаните што се отворени, пак, засега нема начин како да се затворат, но затоа инспекторите нивното работење го демнат деноноќно.
Првиот човек на битолската регионална дирекција на УЈП, Митко Крстевски, на вчерашниот прес беше категоричен дека во Битола, каде што од 200 контролирани дуќани, пломба заработиле 56, акцијата била спроведувана без никаква селективност и пристрасност. Во УЈП се разочарани од реакциите и обвинувањата на битолските трговци, кои сега се прават дека се затечени од затворањето, иако претходно биле информирани за фискализацијата, преку кампањата што долго време ја води Управата. “Ги следевме овие фирми и направивме повеќе анализи, кои покажаа дека прометот што го прикажуваат е многу помал од реалниот. Не може да има промет од 40 до 60 илјади денари пицерија во која има место за 150 до 200 гости и се наоѓа на Широк сокак, што е најфреквентно место во градот. Кириите за дуќаните што ги плаќаат се до 300 евра месечно, а нивните газди имаат голем имот во куќи, станови и возила. Од каде им се толку пари, кога би правеле толку мал промет”, праша Крстевски, додавајќи дека во Битола имало дури и случај една фирма да не пријави ни денар промет, а потоа да пријави кражба од нејзините магацини на големи суми пари и чекови. За неодамнешното опожарување на возило во кое благодарение на еден таксист за влакно била избегната голема трагедија, Крстевски е категоричен дека УЈП нема да подлегне на такви притисоци.
На овој начин УЈП докажува дека бескомпромисно и докрај ќе го истера процесот на фискализација, односно сите ќе мора да го почитуваат Законот за регистрирање на готовинските плаќање. Фискализацијата, која на крајот на 2004 изнесуваше 65 проценти, е еден од главните услови за влез во ЕУ на нашата државааи, изјави Фарук Омери, заменик-директор на УЈП.
И во другите реони инспекторите, кои најчесто се од други градови, темелно ги чешлаат дуќаните. Овој месец УЈП спровела 1.706 контроли, при што клуч на врата добиле 286 објекти. Од нив 72 се во Скопје, 86 во Прилеп, 28 во Тетово, 23 во Штип и три во Струмица. Најнова е акцијата во Охрид, каде што се направени 200 контроли и од нив завчера со пломби завршиле 26 дуќани.
Вториот човек на УЈП е категоричен дека Управата дејствува на цела територија на земјата, па вклучително и во западниот регион, за што доказ е што лани биле затворени 680 објекти во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

