Свет
Иран ќе го копира американското летало RW-170 sentinel

Иран ќе го копира „невидливото“ американско беспилотно летало RW-170 sentinel до кое дојде минатата седмица и со него ќе ги опреми своите воени сили, изјави во понеделникот за државната телевизија иранскиот парламентарец Парвиз Сорури.
Иран ќе го копира „невидливото“ американско беспилотно летало RW-170 sentinel до кое дојде минатата седмица и со него ќе ги опреми своите воени сили, изјави во понеделникот за државната телевизија иранскиот парламентарец Парвиз Сорури.„Во моментов ја привршуваме постапката за декодирање на леталото и следната постапка ќе биде негово репродуцирање. Во иднина ќе почнеме сериско производство на леталото коешто ќе биде подобро од американското“, изјави Сорури кој е претседател на парламентарната комисија за национална безбедност. Иранската државна телевизија минатиот четврток објави снимки на усовршеното летало, коешто според американските медиуми вршела извидување на иранските нуклеарни постројки за американската разузнавачка агенција ЦИА.Иранските власти тврдат дека не им е потребна помошта од Русија за копирањето на американското беспилотно летало. Кина Русија и Северна Кореја, инаку, се главните снабдувачи на Иран со оружје и воена технологија. Американските функционери, пак, под прашање ја ставаат способност на Иран технолошки да го употребува ова летало којашто ја зароби на своја територија. „Не е сигурно дека Иранците располагаат со потребните знаења да ги разоткријат тајните на леталото“, изјави за AFP неименуван американски функционер. Леталото RW-170 sentinel на производителот „Lockheed-Martin“ е конципирано за супертајни летови на голема височина. Американските воздухопловни сили признаа дека поседуваат вакво летало дури во 2010 година./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Десетици илјади евакуирани на Филипините, се приближува ураган

Десетици илјади луѓе на Филипините се евакуирани денеска од своите домови на брегот на Пацификот поради опасност од поплави во момент кога тропската бура „Феншен“ го зафати регионот, јавија светските агенции.
Бурата попладнево со брзина на ветрот до 80 км на час ја погоди општина Губат, на југоисточниот врв на главниот остров Лузон, соопшти државната метеоролошка служба.
Откако жителите беа евакуирани од крајбрежните и другите ризични области, локалните власти соопштија дека нема извештаи за сериозни штети или жртви.
„Имаше обилни дождови и силни налети на ветер, иако не толку силни“, изјави Рајан Естреладо, спасувач во Губат.
Ураганот вечер треба да помине во близина на островот Катандуанес, кој има население од 270.000 жители, со брзина на ветер до 90 км/ч. Се очекува „Феншен“ да се засили пред да стигне до копното по втор пат во централен Лузон, соопшти националната метеоролошка служба.
Свет
Прекинати летовите на главниот аеродром во Бангладеш, избувна пожар

Властите во Дака ги прекинаа сите летови на Меѓународниот аеродром Хазрат Шахџалал, главниот аеродром во Бангладеш, по пожар во товарниот дел. Талха Бин Засим, портпарол на Противпожарната служба и Одделот за цивилна одбрана, изјави дека 32 противпожарни возила биле распоредени за гаснење на пожарот, кој започнал денеска попладне.
Управата за цивилно воздухопловство на Бангладеш ги прекина сите летови веднаш по инцидентот, наведувајќи дека операциите ќе останат запрени до понатамошно известување.
Покрај националната противпожарна служба, единици од Воздухопловните сили и Морнарицата на Бангладеш се придружија на напорите за гаснење на пожарот, според Одделот за односи со јавноста меѓу службите.
Причината за пожарот сè уште не е позната.
Снимките од местото на настанот покажаа црн чад како се извишува над аеродромот.
Како одговор, државната авиокомпанија „Биман Бангладеш ерлајнс“ пренасочи четири од своите летови, кои требаше да слетаат во Дака, кон аеродромите во Силхет и Чатограм.
Свет
Од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи

Министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, на социјалните мрежи објави дека „од јануари до септември годинава, Албанија пречекала 10.228.686 туристи, што претставува зголемување од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година“.
“Овој позитивен тренд сведочи за одржливиот развој на туристичкиот сектор и за заедничката посветеност на промоцијата на Албанија како гостопримлива и сè поатрактивна дестинација”, напиша Гонџја.
Додава дека од албанските алпи до долгата крајбрежна линија, земјата нуди комплетен туристички пакет за секој тип туристи, а секоја година се шири и мапата на земјите од кои доаѓаат.
“Туристите ја избираат Албанија не само поради нејзините прекрасни плажи и поволната клима, туку и поради нејзините планински предели со импресивни природни пејзажи, антички градови со историска и културна вредност, како и нејзиното гостопримство и традиционална кујна”, оценува тој.
Според него туризмот станал активност што трае цела година и не само што генерира значителни приходи за економијата, туку ја промовира Албанија како дестинација што е посетувана во текот на цела година.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи, што, посочува Гонџа, ќе бидат остварени.