Свет
Бројот на жртвите од труењето со алкохол во Индија достигна 167
Бројот смртни случаи од труењето со фалсификуван алкохол во источна Индија се зголеми на 167 луѓе, пишува во петокот весникот Times of India.
Бројот смртни случаи од труењето со фалсификуван алкохол во источна Индија се зголеми на 167 луѓе, пишува во петокот весникот Times of India.Во болниците уште се хоспитализирани повеќе од 340 отруени од фалсификуваниот алкохол. Локалните власти веќе го нарекоа овој случај најмасовниот на алкохолно труење со фалсификувани пијалаци во историјата на Индија.Трагедијата се случи откако алкохолот произведeн во домашни услови бил точен во евтини барови во близина на железничката станица во градот Сингрампур на 50 километри од главниот град на сојузната индиска држава Западен Бенгал – Калкута. Првиот смртен случај од отровниот алкохол беше регистриран во средата наутро, а потоа бројот на жртвите рапидно се зголемува.Како што соопшти претставник на локалното одделение за здравство, причината за смртта е труење со метил. Повеќето отруени се работници, возачи на рикши и сиромашни селани.Според извештаите на медицинските власти во локалниот печат, меѓу починатите имало и деца а во четвртокот починало осумгодишно момче. Пред да почине, тоа рекло дека побарало чаша вода во барот. Можно е чашата во којашто му била дадена водата, да не била добро измиена од многу отровниот алкохол, сметаа лекарите. Потоа од истите причини починало уште едно дете, на 10-годишна возраст.Локалната полиција уапсила десет лица кои се осомничени за производството и продажбата на фалсификуваниот алкохол во регионот. Гневната толпа од локалните жители го уништила и запалила локалот во кој луѓето биле отруени.Властите објавија дека семејствата на жртвите ќе добијат финансиска помош од владата на државата во износ од 200 илјади рупии (околу четири илјади американски долари). Во регионот е испратен и голем медицински тим од административниот центар Калкута.Главната министерка на државата Западен Бенгал, Мамата Банерџи, изјави дека властите ја преземале истрагата за несреќата. Таа, исто така, соопшти дека властите имаат намера да преземат жестоки казнени мерки за производителите на фалсификувани алкохоли./крај/ти/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.