Свет
Холандските „кофи шопови“ со марихуана само за домаќините

Новиот закон кој овозможува пристап во 670-те „кофи шопови“ со марихуана само за жителите на Холандија ќе биде применуван најдоцна од 1-ви мај 2012 година, и тоа во јужниот дел од земјата, појасни холандското министерство за правда.
Новиот закон кој овозможува пристап во 670-те „кофи шопови“ со марихуана само за жителите на Холандија ќе биде применуван најдоцна од 1-ви мај 2012 година, и тоа во јужниот дел од земјата, појасни холандското министерство за правда.„Законот ќе почне да се применува од 1-ви јануари, но и со можност за одложување до 1-ви мај“, соопшти портпаролката на министерството за правда на Холандија, Шарлот Менетен, пренесува AFP. Овој закон им овозможува и на ваквите локали во јужните покраини, коишто граничат со Белгија и Германија, да воведат нов правен систем, нагласува Ментен.Таа потсетува дека „кофи шоповите“ во остатокот од земјата ќе мора да го применуваат новиот закон од 2013 година. Со законот треба да се спречи вечерните застои во сообраќајот, ноќната бука и сé поголемиот број трговци со дроги на улиците во холандските градови. Популарните холандски „кофи шопови“ ќе станат клубови од затворен тип со најмногу две илјади членови со постојано престојувалиште во Холандија, на возраст од над 18 години. Од 1-ви јануари 2014 година, „кофи шоповите“ нема да смеат да бидат лоцирани поблиску од 350 метри од некое училиште, мерки на коишто се спотиставуваат сопствениците на локалите. Поседувањето, земањето и продажбата на помалку од пет грама марихуана во „кофи шоповите“се дозволени во Холандија од 1976 година, а одгледувањето и продажбата на големо се забранети./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Kако многу слаб одговор Трамп го опиша нападот на Иран врз американската база во Катар

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа „Трут соушал“ се огласи по повод иранските напади врз американската база во Катар.
Тој го опиша нападот како многу слаб одговор што САД го очекувале и ефикасно го одбиле.
„Истрелани се 14 проектили – 13 од нив се соборени, а 1 е пуштен, бидејќи отишол во ненасочен правец“, додаде тој.
„Задоволство ми е да известам дека ниту еден Американец не е повреден и дека е причинета минимална штета.
Тој додаде: „Најважно од сè е што изгледа дека ‘се испразнија’ и, се надеваме, нема да има понатаму омраза. Му благодарам на Иран што ни даде однапред известување, што овозможи да нема жртви или повредени. Можеби Иран сега може да се движи кон мир и хармонија во регионот, а јас со задоволство ќе го охрабрам Израел да го стори истото“.
Трамп рече и дека покрај фактот што ниту еден Американец не е убиен или ранет, подеднакво е важно што нема ниту загинати или ранети Катарци.
Американскиот претседател порача дека е време за мир.
Регион
Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот, вели бугарскиот министер Георгиев

Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година за Северна Македонија нема да биде успешен. Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот и слични формулации, изјави во Брисел министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев, пренесуваат бугарските медиуми.
„Засрамени сме од фактот што политичарите предвидуваат развој на настаните во врска со извештајот, од мешањето на земја-кандидат во работата на ЕП. Нашите европратеници работат исклучително активно. Она што зависи од извршната власт и комуникациите што таа може да ги спроведува – исто така.“
Тој истакнува дека ваквите разговори како оние на Мицкоски, можат да имаат само краткорочен популистички резултат, нагласувајќи дека пристапувањето кон Европската Унија се заснова на принципи, вредности и одговорности.
„Европскиот парламент нема надлежност да изразува мислење за прашања како што се идентитетот, јазикот и слични формулации. Европските институции не треба да се користат за инструментализирање на една или друга политика. Ниту еден обид за заобиколување на консензусот од 2022 година нема да биде успешен, бидејќи ќе наиде на решителен отпор од Бугарија. Од разговорите со другите колеги, нема земја-членка на ЕУ што би отстапила од она што беше постигнато тогаш. Консензусот останува валиден. Ние ја почитуваме работата на ЕП на извештајот, но тој нема меѓународно правно обврзувачка природа. Секој кандидат мора да ги почитува условите на сите земји-членки“, објасни Георгиев.
„Сакам да ги уверам бугарските граѓани и сите заинтересирани за процесот дека го охрабруваме процесот на проширување, но тој мора да се базира на сопствените заслуги“, додаде тој.
Свет
Катарското Министерство за одбрана: ракетниот напад пресретнат, ќе одговориме пропорционално

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид.
„Благодарение на Бога, будноста на вооружените сили и превентивните мерки, инцидентот не доведе до губење на животи или повреди“, се вели во соопштението на министерството, како што објави „Ал Џезира“.
Катарското Министерство за одбрана потврди дека воздушниот простор и територијата на Државата Катар се безбедни и дека катарските вооружени сили се во состојба на готовност, осудувајќи го иранскиот напад кој „претставува јасно кршење на суверенитетот, воздушниот простор и меѓународното право“.
Катар, како што објавија свтеските агенции, додаде дека го задржува правото директно да одговори на начин соодветен на природата и обемот на нападот и во согласност со меѓународното право, на што Советот за национална безбедност на Иран одговори дека воените операции не претставуваат „никаква закана или опасност за нашата пријателска и сестринска земја, Катар, и нејзиниот народ“.
Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати.