Контакт

Свет

Русија не прифаќа мешање во нејзините внатрешни работи

Објавено пред

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во четвртокот во неговото четврто и последно обраќање од оваа функција пред Федералното собрание на Руската федерација, односно двата дома на рускиот парламент, изјави дека неговата земја нема да го толерира мешањето во нејзините внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Дмитриј Медведев во четвртокот во неговото четврто и последно обраќање од оваа функција пред Федералното собрание на Руската федерација, односно двата дома на рускиот парламент, изјави дека неговата земја нема да го толерира мешањето во нејзините внатрешни работи.„Властите нема да им дозволат на провокаторите и екстремистите да ги вовлекуваат граѓаните во авантуризам и нема да прифатат мешање однадвор“, нагласи претседателот Медведев обраќајќи им се на руските пратеници.Обраќањето на Медведев се случи два дена пред најавениот протест на опозицијата во центарот на Москва, која најавува дека во сабота ќе се соберат неколку десетици илјади луѓе. Тие ќе протестираат зашто според нив на парламентарните избори од 4-ти декември се случила изборна измама во полза на владејачката партија Единствена Русија на претседателско-премиерскиот двоец Дмитриј Медведев и Владимир Путин. Европскиот парламент минатата седмица побара организирање нови „слободни и редовни избори“ во Русија, поради „многуте неправилности утврдени“ во текот на парламентарните избори од 4-ти декември. Претходно со исти критики истапи и американската државна секретарка Хилари Клинтон.Претходно, пак, рускиот премиер Владимир Путин ги обвини САД дека ги подгреваат тензиите во неговата земја поради изборите и се обидуваат да создадат сценарио за хаос.Министерката за надворешни работи на Европската унија, Кетрин Ештон, во вторникот изјави пред парламентот дека европските челници имаат намера да ја искористат средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев за да му ја изразат својата загриженост за проблемите забележани во текот на изборите.Набљудувачите од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБСЕ) оценија дека на изборите имало сериозни показатели за местење на резултатите.Единствена Русија на премиерот Владимир Путин освои 238 пратенички места од вкупно 450. Комунистичката партија е втора со 92 пратеника, Праведна Русија доби 64, а Либерално демократската партија 56. Останатите партии не го поминаа изборниот цензус.Во претходниот парламентарен состав Единствена Русија имаше 315 пратеници, Комунистичката партија е втора со 57 пратеника, Праведна Русија доби 38, а Либерално демократската партија 40.Еден од членовите на ЦИК побара смена на претседателот на Комисијата Владимир Чуров, поради изборен фалсификат, но таквото барање беше отфрлено.Воедно беа отфрлени и жалбите на партијата Јаблоко, која не влезе во Думата, за кршење на изборните правила во околу 500 избирачки места.Во својот говор од четвртокот Медведев кој претходно изјави дека треба да се истражат наводите за изборната измама, рече дека е подготвен да ги сослуша критиките за начинот на кој изборите биле спроведени. Исто така, рече и дека протестите кои следеа по изборите за думата се доказ за развојот на демократијата во Русија. „Луѓето се менуваат и стануваат активни во изразувањето на своите ставови и им упатуваат нови барања на властите, а тоа е добар знак. Тоа значи дека нашата демократија станува позрела“, истакнал Медведев додавајќи дека „на Русија и’ е потребна демократија, а не хаос“.Медведев ги пофалил напорите за сузбивање на корупцијата во земјата. „Резултатите од таа работа (антикорупциските напори), се гледаат во тоа што пред лицето на правдата се изведени три илјади руски функционери во текот на првите шест месеци од 2011 година“, рекол рускиот претседател.Во својот последен извештај за индексот на корупцијата објавен на 1-ви декември  Transparency International ја стави Русија на 143-то од 182 места во групата земји како Уганда и Нигерија. Медведев, исто така, повика на сеопфатна реформа на политичкиот систем во земјата предложувајќи директни избори за регионалните гувернери, наместо нив да ги именува Кремљ.„Јас предлагам сеопфатна реформа на нашиот политички систем. Треба да им се даде на сите активни граѓани легална можност за учество во политичкиот живот“, рече претседателот на Русија.„Русија има намера да ја зајакне стопанската интеграција на пост-советскиот простор и очекува остварување на Евроазиската стопанска унија со Белорусија и Казахстан до 2015 година“, рече Медведев./крај/рн/мф/сн

Свет

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.

dobivaj vesti na viber

„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.

„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.

„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.

Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, според шпанскиот државен радиодифузер RTVE.

Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Цените на нафтата скокнаа над 83 долари

Објавено пред

Од

Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.

dobivaj vesti na viber

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.

На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.

Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.

Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.

Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.

Прикажи повеќе...

Свет

Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар

Објавено пред

Од

Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.

dobivaj vesti na viber

„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.

Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.

Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.

 

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија6 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија6 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија6 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија6 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија7 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија7 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија9 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија9 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет11 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет11 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет11 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет12 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет12 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет12 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет12 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија21 час

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија22 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ23 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...