Свет
Бројoт на жртви од бомбашките напади во Багдад се искачи на 63 лица
Бројката загинати во серијата бомбашки напади што го потресоа во четвртокот наутро ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 65, додека бројот повредени изнесува над 170, јавуваат агенциите повикувајќи се на владини и болнички извори.
Бројката загинати во серијата бомбашки напади што го потресоа во четвртокот наутро ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 65, додека бројот повредени изнесува над 170, јавуваат агенциите повикувајќи се на владини и болнички извори. Претходно беше јавено дека во серијата од најмалку 14 експлозии во девет населби на Багдад има 57 мртви и 176 повредени. Дел од експлозиите биле синхронизирани на истите места и експлозивот повторно детониран кога луѓето притрчувале да им пружат помош на жртвите. Нападите беа извршени во квартовите Алави, Баб Ал-Муата и Карада во централниот дел на Багдад, во Адамија, Шула и Шааб населби во северниот дел, Џадриах во источниот дел, Газалија во западниот и населбите Амал и Дура во јужниот дел од ирачката престолнина.Полицијата верува дека серијата бомбашки напади во ирачкиот главен град е координиран напад изведен од терористите. Станува збор за прв поголем бомбашки напад во Ирак по официјалното повлекување на американските сили на 18-ти декември, од земјата во која последната година има големи политички тензии.Ирачките власти во понеделникот издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, кој го исповеда сунитскиот ислам, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател.Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење.Сунитската коалиција Ал-Иракија, која победи на парламентарните избори во 2010 година, има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение во саботата, велејќи дека „од саботата тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Во средата, ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од Ал-Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Ал-Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-МултагОдносите меѓу шиитите и сунитите станаа многу тензични по соборувањето на режимот на претседателот Садам Хусеин и инвазијата на меѓународните сили предводени од САД во 2003 година. Припадници на двете исламски верски групации често се мета на напади од нивните релиогиозни неистомисленици.Според пописот 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, а 34 проценти се шиити. Премиерот Нури ал-Малики и’ припаѓа на , шиитската заедница, додека неговиот Мултаг и потпретседател Ал-Хашими го исповедаат сунитскиот ислам./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги прекинуваме сите трговски односи со Шпанија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија.
„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, изјави тој пред новинарите додека седеше во Овалната соба за време на состанокот со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Тој додаде дека му рекол на секретарот за финансии, Скот Бесент, да ја прекине „целата работа“ со европската земја и членка на НАТО.
„Шпанија беше ужасна“, додаде тој, осврнувајќи се на реакцијата на земјите од НАТО на американскиот ракетен напад врз Иран.
NOW – Trump: "We're gonna cut off all trade with Spain, we don't want anything to do with Spain." pic.twitter.com/Zjm1zXflfu
— Disclose.tv (@disclosetv) March 3, 2026
„Шпанија во основа рече дека не можеме да ги користиме нејзините бази. Тие беа непријателски настроени. Шпанија нема апсолутно ништо што ни треба, освен одлични луѓе. Тие имаат одлични луѓе, но немаат одлично лидерство“, рече тој.
Шпанија им го одби пристапот на САД до своите воздухопловни бази за „сè што не е опфатено со договорот или во согласност со Повелбата на ОН“, според шпанскиот државен радиодифузер RTVE.
Најмалку 15 американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според податоците и мапите од веб-страницата за следење на летови FlightRadar24.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази да се користат за напад врз Иран. Базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет.
фото/Depositphotos
Свет
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари
Цените на нафтата скокнаа над 83 долари на меѓународните пазари денес, во услови на ескалација на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран и намаленото производство во регионот на Персискиот Залив поради запрениот транзит низ Ормутскиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 5,56 долари за барел попладне, во пораст од вчерашното затворање од 83,30 долари. Накратко достигна 85,12 долари, највисоко ниво од јули 2024 година.
На американскиот пазар, барелот скокна за 5,29 долари за барел попладне на 76,52 долари. Накратко скокна на највисоко ниво од јуни, на 77,58 долари.
Од затворањето на тргувањето во петокот, неколку часа пред нападот на САД и Израел врз Иран, цената на барелот скокна за околу 16 и 17 проценти, соодветно.
Израел, исто така, го нападна Либан, а Иран одговори со удар врз енергетската инфраструктура во земјите на бреговите на Персискиот Залив. Ормутскиот теснец е де факто затворен, блокирајќи речиси една петтина од светските залихи на нафта и течен природен гас.
Иранските вооружени сили во понеделник вечерта преку советник на командантот на Иранскиот корпус на гардата на револуцијата, Ебрахим Џабари, изјавија дека нема да дозволат извоз на нафта преку теснецот.
Свет
Велика Британија испраќа воен брод и хеликоптери на Кипар
Велика Британија ќе ги засили своите одбранбени операции во регионот, потврди премиерот Кир Стармер по разговорите со претседателот на Кипар. Тој објави дека Лондон ќе испрати хеликоптери со капацитети против беспилотни летала и воениот брод HMS Dragon на Кипар, објави SkyNews.
„Секогаш ќе дејствуваме во интерес на Велика Британија и нашите сојузници“, рече Стармер.
Одлуката следи по претходниот извештај дека Велика Британија размислува за распоредување разурнувачи од воздушна одбрана тип 45 за да ги заштити базите на британските кралски воздухопловни сили (RAF) таму.
Воениот брод HMS Dragon припаѓа на таа класа разурнувачи и е единствениот брод во британскиот арсенал способен да соборува балистички ракети.
фото/ЕПА

