Свет
Најмалку 33 загинати од циклонот во Индија

Најмалку 33 лица смртно настрадаа во тропскиот циклон Танеу кој во петокот го погоди југот на Индија, соопштија во саботата локалните функционери.
Најмалку 33 лица смртно настрадаа во тропскиот циклон Танеу кој во петокот го погоди југот на Индија, соопштија во саботата локалните функционери.Бурата го погоди брегот меѓу градот Кудалореа во индиската сојузна држава Тамил Нади, и територијата на некогашната француска енклава Пондичери.Најмалку 21 лице загинале во Кудалореа каде брзината на ветрот достигнала до 140 километри на час, а пет жртви се регистрирани во државата Тамил Наду, а уште седум жртви се најдени во популарната туристичка дестинација Пондичери, пренесува AFP.Циклонот предизвикал и бранови со височина од пет метри предизвикувајќи големи штети на сообраќајниците и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Околу шест илјади луѓе се евакуирани од погоденото подрачје, а еден товарен брод доживеал хаварија, се додава во информацијата на локалните индиски власти./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.
Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.
Свет
Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Иран првин негираше дека е постигнато примирје и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.
Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа три лица.
Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил на сила.
Свет
Катар соопшти дека една иранска ракета ја погодила американска база, нема штета или жртви

Катар синоќа потврди дека една иранска ракета ја погодила американската воздухопловна база Ал Удеид на нејзина територија без да предизвика жртви или штета, додека останатите проектили биле пресретнати и паднале во морето, јавува „Анадодлија“.
Оваа информација ја потврди заменик началникот на Генералштабот на вооружените сили на Катар Шаек ал Хајри за време на прес-конференција во Доха.
Првиот бран вклучувал седум проектили, од кои сите биле пресретнати и паднале во морето пред да стигнат до нивната цел. Вториот бран се состоел од 11 ракети, од кои само една ја погодила базата без жртви или материјални загуби, додека останатите ракети биле соборени, додаде тој.
Говорејќи на истиот брифинг, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари рече дека земјата го обезбедила својот воздушен и поморски простор, како одговор на иранските закани дека ќе ги таргетираат американските бази во регионот.
Иран лансираше низа проектили врз американската воздухопловна база Ал Удеид во Катар, што означи драматична ескалација на тензиите откако САД извршија напади врз три нуклеарни постројки во Иран во неделата.
Регионалните тензии нагло ескалираа во неделата откако САД бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанц и Исфахан.
Американските напади се најновата ескалација на израелските напади врз Иран кои започнаа на 13 јуни, што го натера Техеран да возврати на Израел.