Свет
Данска го презема шестемесечното претседателство со ЕУ
Полугодишното претседателство со Европската унија во неделата од Полска го презема Данска, која најавува дека ќе биде посредник меѓу земјите од еврозоната и оние членки кои се надвор од оваа групација во рашавањето на најголемата криза во историјата на Унијата.
Полугодишното претседателство со Европската унија во неделата од Полска го презема Данска, која најавува дека ќе биде посредник меѓу земјите од еврозоната и оние членки кои се надвор од оваа групација во рашавањето на најголемата криза во историјата на Унијата.Данска којашто во ЕУ влезе во 1973 година заедно со Велика Британија и Ирска, по седми пат го презема ротирачкото претседателство со Унијата. Но ова претседателствување ќе биде значително поразлично од сите претходни, бидејќи од стапувањето на сила на Лисабонскиот договор во декември 2009 година, улогата на земјата претседавач не е воочлива како некогаш, имајќи предвид дека на состаноците на самитите на европските челници претседава постојаниот претседател на Европскиот совет, а не повеќе премиерот на земјата претседател. Исто така, со Комисијата за надворешни работи претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.Улогата на Данска дополнително ја ограничува и фактот што не е членка на еврозоната. чии членки, пак, не гледаат со одобрување кога некој им се меша во работата.„Совршено добро ги разбирам 17-те членки на еврозоната дека имаат потреба сами да донесат некои одлуки“, изјави данската премиерка Хеле Торнинг-Шмидт.Таа во својот настапен говор на 4-ти декември во данскиот парламент, откако ја презема владата, изјави дека „прва задача на данското претседателство ќе биде постигнување договор за заеднички договор за надминување на кризата“, додавајќи дека ЕУ „мора да ја зајакне базата за одговорен раст и вработување“.Данскиот министер за Европа, Николаи Вамен изјави кон крајот на декември во Брисел претставувајќи ги приоритетите на претседателството на неговата земја, дека Данска ќе настојува да биде посредник меѓу земјите членки на еврозоната и оние надвор од неа. „Сакаме да бидеме, како што пееја Сајмон и Гарфанкел, ‘мост над разбрануваните води’ во времето на најголемата криза во историјата на Европската унија“, изјави Вамен. Данскиот амбасадор во ЕУ, Јепе Транхолм-Микелсен, истакнува дека неговата влада ќе работи на тоа да не се зголемува јазот меѓу членките и нечленките на еврозоната.Во првата половина од данското претседателство доминантна тема во ЕУ ќе биде новиот меѓувладин договор за јакнење на фискалната дисциплина на што начелно се согласија сите членки на Унијата, освен Велика Британија. Нацрт договорот треба да биде довршен до крајот на јануари, неговото потпишување се очекува на самитот на ЕУ на почетокот од март, а би стапил на сила откако ќе биде ратификуван во најмалку девет земји членки. Данска иако ќе биде претседавач со Советот на ЕУ, во овој процес ќе биде само набљудувач.Прв приоретит на данското претседателство ќе биде решавањето на финансиската и стопанската криза, а на второ место е поттикнувањето на стопанскиот раст, покрај почитувањето на еколошките стандари .Данска најави дека особено ќе инсистира на еколошките стандарди и обновливата енергија. Таа е една од најуспешните земји на овој план. Минатата година 33 отсто од електричната енергија произведена во Данска потекнуваат од обновливите извори на енергија, од што две третини од централите на ветер. Данска ќе настојува еколошките стандарди да се применуваат и во областите коишто се во надлежност на ЕУ, земјоделието, рибарството и сообраќајот. Копенхаген, исто така, ќе се залага и за измена на директивата за енергетската ефикасност, со тоа што во неа да бидат вклучени обврзувачки цели, вклучувајќи го и реновирањето на објектите за да трошат што помалку енергија.Еден од приоритетите на данското претседателство ќе биде и договорот околу новата повеќегодишна буџетска рамка за периодот од 2014 до 2020 година, околу што во Унијата редовно се водат жестоки полемики и тешко се доаѓа до компромис. Речиси е сигурно дека договорото нема да биде постигнат во првата половина на годинава за време на данското претседателство, меѓу другото и затоа што во Франција се одржуваат претседателски избори. .А Франција е една од земјите коишто најмногу добиваат субвенции од заедничката земјоделска политика, на којашто отпаѓа над 40 отсто од европскиот буџет. Договорот се очекува во втората половина од 2012 година, за време на кипарското претседателство. Четвртиот приоритет е областа на внатрешните работи, прашањата врзани за Шенгенскиот договор и прашањето на азилот. Данска на почетокот од октомври 2011 година ја доби новата влада предводена од премиерката Хеле Торнинг-Шмидт од социјалдемократската партија, која е многу повеќе европски ориентирана од претходната влада на десниот центар. Еден од првите потези на новата влада беше укинувањето на царинските контроли поради што претходната влада во Копенхаген беше во судир со Европската комисија. Петтиот приоритет ќе бидат надворешните одност, што, пак од стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, во најголем дел се во надлежност на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, функција којашто во моментов ја извршува Кетрин Ештон. Данска во 1992 година на референдум го отфрли договорот од Маастрихт. Потоа, данската влада со другите партнери од ЕУ договори изземања од четири области: Економскатата и монетарна унија, Заедничката безбедносна и одбранбена политика, Правосудството и внатрешните работи, и Државјанство на ЕУ. На новиот референдум од 1993 година, данските граѓани го прифатија Договорот од Маастрихт со наведените изземања. . Данска и Велика Британија се единствените членки на Европската унија коишто имаат трајно изземање од обврските од воведувањето на единствената европска валута еврото.Новата влада на Торнинг-Шмидт најави дека има намера да организира референдуми за укинување на изземањето од Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и во областите на Правосудството и внатрешните работи, но не и за еврото. Хеле Торнинг-Шмидт која има 45 години, е првата жена на чело на данска влада. Таа за претседател на тамошните социјалдемократи беше избрана во 2005 година, а по изборите во септември 2011 година ја формираше владејачката коалиција заедно со уште две партии од левиот центар. Таа беше пратеничка во Европскиот парламент од 1999 до 2004 година. Мажена е за Стивен Кинок, синот на поранешниот британски повереник на Европската комизија, Неил Кинок./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.
Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.
„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.
Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.
Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.
„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.
Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.
„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

