Свет
Арапската лига тврди дека нејзините сириски набљудувачи помагаат
Првиот човек на Арапската лига во понеделникот изјави дека мировните набљудувачи на организацијата во Сирија помагаат да се намали насилното задушување на антивладините протести во земјата, но и ја повика владата на претседателот Башар ал-Асад во целост да го спроведе мировниот план.
Првиот човек на Арапската лига во понеделникот изјави дека мировните набљудувачи на организацијата во Сирија помагаат да се намали насилното задушување на антивладините протести во земјата, но и ја повика владата на претседателот Башар ал-Асад во целост да го спроведе мировниот план.Во меѓувреме воените дезертери чиј вооружен бунт се заканува да ги фрли во втор план мирните протести на опозицијата, заробиле десетици припадници на сириските безбедносни сили, заземајќи во понеделникот два контролни пункта, а во напад на третиот убиле и раниле неколку војници, соопшти опозицијата. Претседателот Асад се бори да го задуши бунтот со кој опозицијата го бара неговото заминување од власта и да избегне да биде следниот арапски челник кој е симната од власта со револуција, како што минатата пролет тоа се случи во Тунис, Египет, Либија и Јемен. Во речиси десетте месеци насилства според податоците на Обединетите нации се убиени повеќе од пет илјади луѓе, претежно невооружени цивили. Според властите во Дамаск, пак, бројката загинати не надминува 1.800 лица, од кои 1.200 се униформирани припадници на државните безбедносни сили кои се жртви на „терористи уфрлени однадвор“. Затоа набљудувачката мисија на Арапската лига минатата седмица ја мина во областите коишто се сметаат за центри на бунтот оценувајќи дали претседателот Башар ал-Асад се придржува до мировниот план. Генералниот секретар на Арапската лига, Набил Еларабу, во понеделникот изјави дека сириската војска се повлекла од станбените квартови и дека се наоѓа во предградијата на градовите, но дека продолжува пукањето и дека снајперите и натаму се закана. „Најновиот телефонски извештај наведува дека има отворање оган на различни места, што ја отежнува можноста да се каже кој врз кого стрела. Огнот треба да се прекине, а има и снајпери. Ја повикуваме сириската влада во целост да го почитува тоа што го вети “, изјави Елараби во Каиро каде што е седиштето на Арапската лига. Мировниот план на Арапската лига бара од претседателот Асад да ги повлече тенковите и војниците од улиците, да ги ослободи притворените и да почне разговори со своите политички противници. Елараби, дадава дека набљудувачите го обезбедиле ослободувањето на 3.484 затвореници, како и дека успеале да овозможат да се донесе храна за населението во градот Хомс, еден од центрите на бунтот. Меѓутоа, повеќето сириски опозициски активисти се сомневаат дека мисијата на Арапската лига може навистина да изврши притисок врз претседателот Асад да го прекине насилството. Во неделата Арапскиот парламент, 88-члена комисија составена од претставник на секоја од членките на Лигата, побара од набљудувачите да ја напуштат Сирија, соопштувајќи дека нивната мисија обезбедува покритие за насилството и злоставувањето од страна на владата коешто не се стивнува.Водачот на мисијата, суданскиот генерал Ахмет Мустафа ал-Даби, кој беше координатор и во разговорите меѓу суданската влада и меѓународните набљудувачи во Судан, ги разлути некои од членовите на набљудувачката мисија кога изјави дека е задоволен од првите впечатоци во градот Хомс, еден од центрите на бунтот. Тој изјави дека некои делови од градот биле во лоша состојба, но немало ништо застрашувачко.Одлуката за испраќање мисијата од 500 набљудувачи, Арапската лига ја донесе кон средината на ноември, по самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Лигата во Рабат. Сепак, имплементацијата на мисијата беше суспендирана поради несогласувања меѓу Лигата и Дамаск за статусот на набљудувачите. Две лица се убиени во понеделникот во престрелка во градот Хомс, соопшти,Сирискиот центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон. Безбедносните сили убиле селанец во Доума, на североисточната периферија на престолнината Дамаск, додека спроведувале рација во потрага по осомничени лица по кои трагаат властите, соопшти опсерваторијата. /крај/ро/мф.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.
Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.
„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.
Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.
Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.
„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.
Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.
„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

