Свет
Петмина загинати во судирите меѓу полицијата и кинески муслимани
Во судирите коишто избиле меѓу муслиманските демонстранти кои протестираат против уривање на џамија, и полицијата во село во северозападниот дел од Кина загинале најмалку пет лица, пренесува во вторникот Reuters повикувајќи се на локалните медиуми и изјави на очевидци.
Во судирите коишто избиле меѓу муслиманските демонстранти кои протестираат против уривање на џамија, и полицијата во село во северозападниот дел од Кина загинале најмалку пет лица, пренесува во вторникот Reuters повикувајќи се на локалните медиуми и изјави на очевидци.Протестите во автономниот регион Внатрешна Монголија почнаа откако властите во регионот, соопштија дека неодамна изградената џамија е подигната нелегално и ќе биде урната. Во протестите и немирите учествуваат припадници на кинеската етничка заедница Хуи.При растерувањето на демонстрантите, полицијата употребила солзавец, бајонети и палки, наведуваат соговорници на агенцијата.Исто така, очевидци изјавија за агенцијата дека телефонските комуникации со селото Таошан, каде што се случија немирите, се прекинати, и оттаму е тешко да се дознае што точно се случува таму.Според агенцијата, полицијата ја потврдила причината за немири во регионот, но не открива други детали.Судирите меѓу полицијата и стотици припадници на главно муслиманската етничка група Хуи избувнаа во петокот во регионот Нинксиа, на самата граница од автономната покраина Внатрешна Монголија, пишува South China Morning Post.Локалниот жител, Џин Хаитао, изјавил дека селаните верува оти меѓу убиените се две постари жена, еден млад човек и две лица од околните области. „Тие само се обидуваа да одржат религиозна активност, но властите не го дозволија тоа. Тие ја демолираа џамијата и сега таму ја чуваат областа, бидејќи се пролеа многу крв“, вели Џин.Во Кина и во минатото се случуваа спорадични судири меѓу полицијата и муслиманските малцинства, особено туркофонските Ујгури од западниот регион Ксинџијанг.Во Кина живеат околу 10 милиони припадници на народот Хуи, што ги прави најголемата муслиманска заедница во земјата. Во многу делови од Кина, припадниците на Хуи се измешани со припадниците на доминантна заедница Хан којашто припаѓа на кинеската култура, а повеќето го имаат напуштено исламот освен за некои традиции, како што е обрежувањето на машките деца и избегнување на свинското месо.Но етничките тензии доведоа до неколи поголеми безредија. Најмалку седум лица загинаа во централната провинција Хенан во 2004 година, по сообраќајна несреќа во којашто беа инволвирани етнички Кинези и припадници на заедницата Хуи по којашто беа предизвикани масовни безредија.Во 1993 година, карикатура којашто ги исмева муслиманите доведе до безредија во кои кинеската полицијата изврши препад и ја зазема џамијата којашто ја посетуваа припадниците на народот Хуи во северозападниот дел на Кина.Ујгурите во Ксинџијанг во 2009 година се судрија со припадниците на кинеската заедница Хан, при што според официјалните процени загинаа најмалку 197 лица.Владејачката Кинеска комунистичката партија вели дека ја почитува слободата на изразувањето на религиозната припадност, но притоа има цврста контрола врз одржувањето на верските активности и овозможува функционирање само на официјално признатите верски институции./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.
Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.
„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.
Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.
Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.
„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.
Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.
„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

