Контакт

Свет

Експлозии во Малезија, по ослободувањето на лидерот на опозицијата обвинет за хомосексуалност

Објавено пред

Три експлозии одекнаа во понеделникот во престолнината на Малезија, Куала Лумпур, крај зградата на Врховниот суд, кој неколку часа претходно го ослободи лидерот на опозицијата Анвар Ибрахим, кој беше обвинет за хомосексуалност.

dobivaj vesti na viber

Три експлозии одекнаа во понеделникот во престолнината на Малезија, Куала Лумпур, крај зградата на Врховниот суд, кој неколку часа претходно го ослободи лидерот на опозицијата Анвар Ибрахим, кој беше обвинет за хомосексуалност.Според информацијата на агенцијата Синхуа, во експлозиите се ранети две лица. Моќта на експлозивни направи, кои се претпоставува дека се склопени во импровизирани услови, била мала, па така се избегнати жртви и посериозни оштетувања.Во областа каде се случиле експлозиите, се разместени силни полициски сили кои вршат потрага по други бомби, за кои постои сомневање дека најверојатно се поставени во близината, се наведува во информацијата на агенцијата.Лидерот на малезиската опозиција, Анвар Ибрахим, кој од 1993 до 1998 година ја извршуваше функцијата заменик-премиер, беше уапсен под обвинение за содомија и хомосексуалност во 2008 година, кога неговиот 23-годишен помошник Мухамед Саифул Букхари Азлан поднесе изјава во полиција, тврдејќи дека бил сексуално малтретирани од страна на заменик-премиерот.Ибрахим ги негираше обвинувањата и ги карактеризираше како провокација од страна на владата. Неколку дена подоцна на лидерот на опозицијата, беше ослободен со кауција.На рочиштето во понеделникот, судија Мохамад Забин Диа изјави дека обвинителството не доставило веродостојни докази од ДНК анализата.Ова е вторпат Анвар Ибрахим да е обвинет за сексуален престап. Во 1998 година, Анвар Ибрахим беше разрешен од функцијата заменик-премиер и министер за финансии на Малезија и осуден на 15 години затвор под обвинение за корупција и содомија.Хомосексуалноста во Малезија е казнива со закон и се казнува со удари со стап и казна затвор до 20 години.Пресудата на Врховниот суд за процесот започнат во февруари 2010 година беше со нетрпение очекувана поради влијанието врз политичкиот живот на Малезија.„Благодарејќи му на Бога, правдата е задоволена. Прогласен сум за невин, но пред нас се роковите и борба. Мораме да се концентрираме на следните општи избори. На следните избори гласот на народот ќе се слушне а оваа корумпирана влада ќе го напушти престолот“, ги цитира AFP зборовите на 64-годишниот Ибрахим по изрекувањето на пресудата. Малезискиот премиер Наџиб Разак кој ја предводи коалицијата која владее со земјата од стекнувањето на независноста пред повеќе од 50 години, треба да ги распише изборите до почетокот на 2013 година. Владата во својата реакција соопшти дека ослободувањето на Анвар Ибрахим докажува дека малезискиот правосуден систем е „независен“./крај/син/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани

Објавено пред

Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).

Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.

Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.

Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.

„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.

Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.

Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.

Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.

Прикажи повеќе...

Свет

Цените на летовите меѓу Азија и Европа драстично се зголемија по нападот врз Иран

Објавено пред

Цените на авионските билети меѓу Азија и Европа скокнаа откако клучните блискоисточни центри беа затворени поради војната на САД и Израел против Иран, при што многу рути беа распродадени неколку дена однапред.

dobivaj vesti na viber

Дубаи и другите големи центри во Заливот останаа затворени четврти ден по ред, намалувајќи го капацитетот на рутите како што се оние меѓу Австралија и Европа.

Патниците се пренасочуваат преку Кина, Сингапур и Северна Америка, додека алтернативните рути ги продолжуваат летовите и ги зголемуваат трошоците за гориво.

Авиокомпаниите надвор од погодениот регион, како што се „Катај Пацифик“, „Сингапур ерлајнс“ и „Туркиш ерлајнс“, бележат пораст на побарувачката.

Летовите до Лондон се претежно распродадени или се нудат по значително повисоки цени со краток рок на известување, а кинеските и азиските превозници следат сличен тренд.

Прикажи повеќе...

Свет

Виткоф: Иран имал доволно ураниум за 11 нуклеарни бомби

Објавено пред

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, изјави дека водечките ирански преговарачи на почетокот на годината се фалеле дека контролираат 460 килограми високо збогатен ураниум од 60 проценти, што би било доволно за изградба на 11 нуклеарни бомби.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека иранските претставници се „горди“ што избегнуваат надзор и тврдеа дека имаат „неотуѓиво право“ да збогатуваат нуклеарно гориво.

Сепак, САД тврдат дека ги уништиле нуклеарните постројки на Иран, што треба да го спречи Иран да го претвори ураниумот во оружје.

Тој додаде дека збогатениот ураниум би можел да се претвори во бомба во рок од една недела или 10 дена, со повторна употреба на нуклеарните постројки за кои САД тврдат дека се уништени.

Тој исто така изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го испратил него и претставникот Џаред Кушнер да преговараат со Иран со цел да се постигне договор со кој Техеран ќе ја елиминира својата ракетна програма, ќе престане да ги поддржува посредниците, ќе ја намали својата морнарица и ќе престане да збогатува ураниум.

Според него, преговорите не биле успешни, а до крајот на втората средба станало јасно дека нема да се постигне договор.

„Отидовме таму и се обидовме да постигнеме фер договор со нив, и беше многу, многу јасно дека тоа ќе биде невозможно – веројатно до крајот на втората средба, но потоа се вративме на третата средба само за да се обидеме повторно. Тие сакаа да известиме за договорот, но таа средба не беше позитивна“, рече Виткоф, според Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет48 минути

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет57 минути

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет1 час

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет2 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет2 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет2 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет2 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија11 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија12 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ13 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија15 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија17 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија17 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија20 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија20 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија20 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија21 час

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија21 час

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија21 час

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија22 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...