Свет
Двајца загинати и многу повредени во експлозија во ресторан во Москва
Во експлозијата во италијанскиот ресторан „Il Pittore“ во југо-западниот дел од руската престолнина, загинаа две лица а 27 се повредени, од кои 22 се хоспитализирани, јавуваат руските медиуми.
Во експлозијата во италијанскиот ресторан „Il Pittore“ во југо-западниот дел од руската престолнина, загинаа две лица а 27 се повредени, од кои 22 се хоспитализирани, јавуваат руските медиуми.Како причина за експлозијата московската полиција наведува експлодирање на цилиндрите за гас. Двајцата работници во кујната загинале, а меѓу 27-те повредени е и едно дете.По експлозијата во ресторанот избувнал пожар кој од протипожарната служба бил оценет со втор степен, а бил локализиран неколку часа подоцна.Соговорникот од московската полиција за агенцијата Итнерфакс потврдил дека огнот многу брзо зафатил површина до 200 квадратни метри. На објектот целосно биле уништени сите стаклени површини, дошло до деформирање на ѕидовите а делумно се урнал и покривот на ресторанот.„Во моментов се откриени двете тела на двајцата загинати, уште 15 лица се поведени, а повеќе повредени сами го напуштиле местото на инцидентот, така што бројот на повредени не може да се прецизира“, изјави заменик на началникот на руското министерство за вонредни ситуации за областа на Москва, Игор Курјаков.Од друга страна, портпаролот на министерството за вонредни ситуации, Евгениј Бобилев, изјави дека 15 лица кои биле повредени во експлозијата биле хоспитализирани, а на 11 лица медицинска помош им била укажана на самото место, така што според него вкупниот број настрадани изнесува 26 лица.Според московското радио „Ехо Москва“, во моментот на експлозијата и пожарот кој опфатил вкупна површина од 300 квадратни метри, во ресторанот имало 50 лица.Во сите московски медиуми кои се повикуваат на различни извори, како основа причина за несреќата се наведува експлозија на гас за домаќинства, до која дошло во кујната на ресторанот по истекување на гасот кој се измешал со воздухот. Иако истрагата сé уште е во тек, се наведува дека по првичната уследиле уште две експлозии на цилиндрите за гас на кои работела кујната./крај/иф/ем/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.