Свет
Најмалку 14 загинати во две експлозии во Багдад
Во експлозии на два автомобила бомби во понеделникот во ирачката престолнина Багдад, загинаа најмалку 14 лица а десетина се ранети, јавуваат агенциите.
Во експлозии на два автомобила бомби во понеделникот во ирачката престолнина Багдад, загинаа најмалку 14 лица а десетина се ранети, јавуваат агенциите.Според безбедносен извор на Associated Press, цел на нападите биле шиитски аџии.Милиони шиитски муслимани од целиот свет одржуваат траорни ритуали во чест на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, и многу нему лојални следбеници кои биле убиени во битката за светиот град Карбала во Ирак, пред 1.300 години.Имамот Хусеин и неговиот брат Абаз и нивните 70 приврзаници се убиени во декември 680 година во Карбала, во битка со војниците на Омајадскиот калиф Јазид. Жените и сестрите на убиените од војниците на Јазид ги земале со нив во Дамаск. Таму, на калифот заедно со нив му била донесена и главата на Хусеин. На 40-от ден по смртта на имамот Хусеин, неговата сестра Зејинаб се вратила во Карбала од Дамаск, носејќи ја со себе главата на нејзиниот брат која ја закопала во неговиот гроб.Како и пред 13 века во периодот од 20-ти до 25-ти јануари секоја година, мнозинството шиити за кои смртта на Хусеин е симбол на мачеништвото за верата, се борат против неправдата, тиранијата и угнетувањето, на истиот начин својата почит како и Зејинаб ја искажуваат одејќи пеш до Карбала.На почетокот од декември шиитски муслимански верници почнуваат со славењето на празникот Ашура, годишнината од смртта на имамот Хусеин, внукот на пророкот Мухамед. Во муслиманската традиција, на денот на Ашура верниците се потсетуваат на најзначајните настани од религиозна историја на муслиманите: создавањето на небесата, земјата и морето, раѓањето на Адем (Адам); излегувањето на пророкот Нух (Ное) од ковчегот; одлуката на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син Исмаил (во библиска традиција – Исак), ставање крај на страдањето на пророкот Ајуб (Јов); спасението на Муса (Мојсеј). На овој ден, шиите организираат процесии во кои учесниците се удираат со тупаници во градите како и нанесувајќи си повреди со удари со синџири и со остри предмети.Самоказнувањето е персонификација на посветување на верните, еден вид барање искупување за вината за неуспехот да се заштити од смртта имамот Хусеин.Празнувањето на празникот Ашура и одбележувањето на 40-те дена од смртта на имамот Хусеин, последните неколку години ги одбележаа крвави терористички напади. Така, во Ирак во овој период речиси како по традиција се извршуваат напади од сунитите против шиитите.Односите меѓу сунитското мнозинство и шиитите во Ирак станаа позатегнати по соборувањето на режимот на Садам Хусеин во 2003 година. За време на владеењето на Хусеин синитите ги заземаа доминантните позиции во власта во Ирак. Сепак, по 2003 година, тие беа потиснати од шиитите, откако тие дојдоа до голем број важни функции во државата, меѓу кои најважни премиерското место. Според пописот 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, а 34 проценти се шиити. Премиерот Нури ал-Малики и’ припаѓа на , шиитската заедница, додека неговиот Мултаг и потпретседател Ал-Хашими го исповедаат сунитскиот ислам.Влошените односи меѓу сунитите и шиитите резултираат со редовни крвави напади на двете страни. Според политички аналитичари, натамошен пораст на ескалацијата на непријателствата меѓу сунитските и шиитските заедници, која се совпадна со повлекувањето на американските војници од Ирак може да доведе до хаос, до граѓанската војна и во крајна линија до поделба на земјата со етноконфесионален предзнак./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани
Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.
Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).
Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.
Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.
Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.
„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.
Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.
Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.
Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.
Свет
Цените на летовите меѓу Азија и Европа драстично се зголемија по нападот врз Иран
Цените на авионските билети меѓу Азија и Европа скокнаа откако клучните блискоисточни центри беа затворени поради војната на САД и Израел против Иран, при што многу рути беа распродадени неколку дена однапред.
Дубаи и другите големи центри во Заливот останаа затворени четврти ден по ред, намалувајќи го капацитетот на рутите како што се оние меѓу Австралија и Европа.
Патниците се пренасочуваат преку Кина, Сингапур и Северна Америка, додека алтернативните рути ги продолжуваат летовите и ги зголемуваат трошоците за гориво.
Авиокомпаниите надвор од погодениот регион, како што се „Катај Пацифик“, „Сингапур ерлајнс“ и „Туркиш ерлајнс“, бележат пораст на побарувачката.
Летовите до Лондон се претежно распродадени или се нудат по значително повисоки цени со краток рок на известување, а кинеските и азиските превозници следат сличен тренд.
Свет
Виткоф: Иран имал доволно ураниум за 11 нуклеарни бомби
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, изјави дека водечките ирански преговарачи на почетокот на годината се фалеле дека контролираат 460 килограми високо збогатен ураниум од 60 проценти, што би било доволно за изградба на 11 нуклеарни бомби.
Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека иранските претставници се „горди“ што избегнуваат надзор и тврдеа дека имаат „неотуѓиво право“ да збогатуваат нуклеарно гориво.
Сепак, САД тврдат дека ги уништиле нуклеарните постројки на Иран, што треба да го спречи Иран да го претвори ураниумот во оружје.
Тој додаде дека збогатениот ураниум би можел да се претвори во бомба во рок од една недела или 10 дена, со повторна употреба на нуклеарните постројки за кои САД тврдат дека се уништени.
Тој исто така изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го испратил него и претставникот Џаред Кушнер да преговараат со Иран со цел да се постигне договор со кој Техеран ќе ја елиминира својата ракетна програма, ќе престане да ги поддржува посредниците, ќе ја намали својата морнарица и ќе престане да збогатува ураниум.
Според него, преговорите не биле успешни, а до крајот на втората средба станало јасно дека нема да се постигне договор.
„Отидовме таму и се обидовме да постигнеме фер договор со нив, и беше многу, многу јасно дека тоа ќе биде невозможно – веројатно до крајот на втората средба, но потоа се вративме на третата средба само за да се обидеме повторно. Тие сакаа да известиме за договорот, но таа средба не беше позитивна“, рече Виткоф, според Танјуг.

