Свет
Телото на Ким Јонг-Ил ќе биде вечно изложено
Телото на покојниот севернокорејски лидер Ким Јонг-ил ќе биде вечно изложено во меморијалната палата во Пјонгјанг, соопштија властите.
Телото на покојниот севернокорејски лидер Ким Јонг-ил ќе биде вечно изложено во меморијалната палата во Пјонгјанг, соопштија властите.
Посмртните останки на Ким Јонг-ил ќе бидат изложени во палатата во која од 1995 година почива и неговиот татко Ким Ил-Сун, кој умре во 1994 година.
По смртта на Јонг-ил на 17 декември, власта во земјата ја превзеде неговиот син Ким Јонг-ун.
Дополнително, севернокорејските власти планираат во чест да Ким Јонг-ил да бидат подигнати споменици, да се изложат негови портрети и низ земјата да бидат подигнати кули како „симбол на неговата бесмртност“. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Свет
Започнаа клучните сослушувања за Луиџи Манџионе, обвинет за убиството на моќен директор во Њујорк
Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиство на директорот на „UnitedHealthcare“, Брајан Томпсон, пред хотел на Менхетен, се појави денес на суд, со што започна серијата клучни рочишта.
Ројтерс објавува дека рочиштата ќе одлучат за прифатливоста на клучните докази во неговото претстојно судење за убиство.
27-годишниот Манџионе беше уапсен во декември минатата година под обвинение дека го застрелал Томпсон сред бел ден на тротоар во Менхетен.
Шокантното убиство беше осудено од многу службени лица, но Манџионе стана еден вид народен херој меѓу Американците фрустрирани од високата цена на здравствената заштита.
Тој се изјасни за невин по сите обвиненија, а неговото судење се очекува да започне следната година. Тој, исто така, се изјасни за невин во посебен федерален случај, во кој обвинителите планираат да бараат смртна казна.
За време на денешното рочиште, Манџионе, облечен во сиво одело и бела кошула, не проговори ниту збор додека судските службеници му ги вадеа лисиците. Неколку негови поддржувачи се собраа пред судницата. Меѓу нив беше и маж облечен како негативец од видео играта Супер Марио Брос, кој носеше транспарент на кој пишуваше: „Кога пациентите умираат, профитот расте“. Присутна беше и жена со лента на која пишуваше: „Ослободете го Луиџи“.
Тој се соочува со доживотен затвор
Доколку биде осуден за убиство од втор степен, дефинирано како намерно убиство, Манџионе се соочува со доживотен затвор. Тој се соочува и со седум обвиненија за нелегално поседување оружје и едно обвинение за поседување лажни документи.
Судијата Грегори Каро отфрли две обвиненија за тероризам во септември, велејќи дека обвинителите не доставиле доволно докази дека Манџионе имал намера да ги заплаши вработените во здравственото осигурување или да влијае на владината политика. Датумите на судењата сè уште не се закажани ниту во државните ниту во федералните случаи. Манџионе е во федерален притвор во Бруклин од неговото апсење.
Свет
Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по природа и покажало дека претседателот е во одлична кардиоваскуларна здравствена состојба.
На брифингот за медиумите во Белата куќа, Ливит рече дека мажите на возраст како Трамп имаат корист од ваквите прегледи.
President Donald J. Trump's Advanced Imaging Results:
"His cardiovascular system shows excellent health… and confirms that he remains at excellent overall health."
— Capt Sean P. Barbabella, D.O.
Physician to the President pic.twitter.com/WJxdZEBUFS— The White House (@WhiteHouse) December 1, 2025
„Кардиоваскуларните снимки на претседателот Трамп покажаа сосема нормална слика, без докази за стеснување на артериите, слаб проток на крв или абнормалности во срцето или главните крвни садови“, рече Ливит за 79-годишниот претседател.
„Срцевите комори се со нормална големина. Ѕидовите на крвните садови изгледаат мазни и здрави и нема докази за воспаление или згрутчување. Генерално, неговиот кардиоваскуларен систем е во одлична здравствена состојба. Абдоминалните снимки се исто така сосема нормални“, рече Ливит.

