Контакт

Свет

Руски танкер стигна до замрзнатото пристаниште на Аљаска

Објавено пред

По десет дена пловење по замрзнато море рускиот танкер под придружба на крајбрежната стража на САД стигна до замрзнатото пристаниште Номе на Аљаска со пратка гориво, соопшти руската компанија сопственик на танкерот.

dobivaj vesti na viber

По десет дена пловење по замрзнато море рускиот танкер под придружба на крајбрежната стража на САД стигна до замрзнатото пристаниште Номе на Аљаска со пратка гориво, соопшти руската компанија сопственик на танкерот.Мисијата за Номе беше прва зимска испорака на западна Аљаска. Рускиот брод „Ренда“ минатиот месец за своето патување беше изземен од прописите на поморскиот закон на САД откако градот со 3.600 жители ја пропушти последната планирана испорака на стока пред зимата заради една од најлошите бури што последните децении го погоди градот Номе.„Ренда стигна до Номе. Застана на оддалеченост од осум милји на работ на мразот. Луѓето се ослободени од должност и се одмараат. Сега таму е ноќ“, изјави за Ројтерс Фазил Алијев, генерален директор на руската компанија сопственик на бродот.„Горивото ќе почнеме да го растовараме утре наутро“, рече Алијев во телефонската изјава од Владивосток, каде што е седиштето на компанијата РИМСЦО.„Ренда“ превезува околу 1,3 милиони галони дизел гориво и бензин.  /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Објавено пред

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана од федерален судија со која се блокираше запирањето луѓе без „основано сомневање“.

dobivaj vesti na viber

Одлуката претставува победа за претседателот Доналд Трамп, кој најави рекордни депортации на недокументирани мигранти.

Пресуда 6-3 во корист на администрацијата на Трамп
Судот пресуди со 6-3 дека агентите на Американската имиграциска служба можат да ги запрат луѓето дури и врз основа на нивната раса, јазик или занимање, додека правната битка за рациите во Лос Анџелес продолжува.

Конзервативниот судија Брет Кавано напиша во своето мислење дека понискиот суд „отишол предалеку“ во ограничувањето на овластувањата на агентите. „Само етничката припадност не е доволна за да се утврди основано сомневање“, рече тој, но додаде дека „тоа може да биде релевантен фактор кога се комбинира со други околности“.

Тројца либерални судии силно се спротивставија. Судијката Соња Сотомајор предупреди дека „безброј луѓе во Лос Анџелес веќе биле грубо приведени, турнати на земја и врзани со лисици само поради нивниот изглед, нивниот акцент или фактот дека извршуваат физичка работа“.

„Со денешната одлука, судот изложува безброј други луѓе на истите понижувања“, напиша таа.

Белата куќа ја поздрави одлуката, најавувајќи продолжување на депортациите на „криминални нелегални имигранти“.

Но, демократските претставници во Калифорнија реагираа остро. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, рече дека одлуката е „опасна, неамериканска и претставува закана за слободите во Соединетите Американски Држави“. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, рече дека „приватната полициска сила на Трамп сега има зелено светло да ги гони вашите семејства“.

Одлуката на Врховниот суд ја поништи привремената забрана издадена од судијката Маме Е. Фримпонг. Таа заклучи дека постојат „мноштво докази“ дека рациите го прекршиле Уставот и ѝ забрани на Американската имиграциска служба да ги запира луѓето само врз основа на „расен изглед“, без разлика дали зборувале шпански или затоа што биле на места како автобуски станици, фармски полиња или перални за автомобили.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Познати актери и режисери потпишаа петиција за бојкот на израелската филмска индустрија

Објавено пред

Стотици актери, режисери и работници во филмската индустрија, вклучувајќи ѕвезди како Тилда Свинтон, Оливија Колман, Марк Рафало и Сузан Сарандон, повикаа на бојкот на израелските филмски институции поради војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

Петицијата на филмските работници, објавена вчера и потпишана од повеќе од 1.800 луѓе, ја повикува филмската индустрија да не „прикажува филмови, да не се појавува во филмови или на друг начин да соработува со израелските филмски институции“ за кои тврди дека се „вклучени во геноцид и апартхејд против палестинскиот народ“.

Примерите за соучество, се вели во петицијата, вклучуваат „прикривање или оправдување на геноцид и апартхејд и/или партнерство со владата што ги извршува“. Потписниците рекоа дека во ова време на криза, „кога многу од нашите влади го овозможуваат масакрот во Газа, мора да направиме сè што можеме за да се справиме со соучеството“ во овој „хорор“.

Некои филмски компании не се вклучени во тоа, се вели во петицијата.
Меѓу потписниците се Јоргос Лантимос, Ема Стоун, Ава Дувернеј, Хавиер Бардем и Риз Ахмед. Петицијата конкретно ги споменува израелските јавни и приватни телевизиски станици како институции со кои филмските работници повеќе не треба да соработуваат или да ги прикажуваат своите филмови, обвинувајќи ги за прикривање, негирање и оправдување на воените злосторства.

Друго обвинување е дека огромното мнозинство израелски кина и филмски продуцентски компании никогаш не се залагале за „правата на палестинскиот народ“. Сепак, во петицијата се забележува дека има некои филмски компании кои не се вклучени.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Објавено пред

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на подготовка за војна со Русија“ и создава „отскочна даска за напад“.

dobivaj vesti na viber

Во колумна објавена од ТАСС, Медведев ги поврза сегашните одлуки на Хелсинки со постапките на финското раководство за време на Втората светска војна, кога Финска беше сојузник на нацистичка Германија. Според него, тогашните планови за „Голема Финска“ продолжуваат и денес преку политика која, како што тврди, ја загрозува безбедноста на Русија.

„Хелсинки, под маската на „одбрана“, води конфронтациска политика на подготовка за војна со Русија, очигледно создавајќи отскочна даска за напад врз нас“, напиша Медведев.

Бази на НАТО и воени вежби во Финска
Медведев наведува дека Финска потпишала договор за одбрана со Соединетите Американски Држави според кој на американските војници им е дозволен пристап до 15 фински воени објекти. Тој, исто така, предупредува дека НАТО воспоставува командни структури во Лапонија и Микели, како и дека се градат нови касарни на места што се наоѓаат само неколку десетици километри од руската граница.

Тој ја издвои изградбата на „новата линија Манерхајм“, која ја опиша како „подготовка на воената инфраструктура за нова агресија против Русија“.

Тој, исто така, ја обвини Финска за „намерно поткопување на регионалната безбедност“ со повлекувањето од конвенцијата за забрана на противпешадиски мини. Во текстот, тој наведе и голем број големи вежби на НАТО одржани во Финска – од артилериската „Lightning Strike 24“ до претстојните маневри „Northern Star 25“ и „Atlantic Trident 25“.

Медведев потсети дека Финска му платила на СССР 226 милиони долари репарации по војната, но тврдеше дека оваа сума „ни оддалеку не ја покрива целата штета“.

Тој заклучи дека политиката на Финска на „антируска хистерија“ веќе има последици – спомена рецесија, зголемена невработеност на истокот од земјата и пад на инвестициите – и предупреди дека продолжувањето на сегашниот курс може да има драматични последици.

„Соочувањето со нас може да заврши со конечен колапс на финската државност. Овој пат, никој нема да биде толку нежен како во 1944 година“, рече Медведев.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Европа13 минути

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет7 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет8 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа11 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија11 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет13 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија13 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ17 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија17 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија18 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија18 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија18 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија22 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија22 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет1 ден

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија2 дена

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ2 дена

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија2 дена

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...