Свет
Сондата „Фобос“ можеби целосно согорела во атмосферата
Руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ можеби целосно согорела во атмосферата на Земјата, бидејќи сé уште нема презентирани остатоци од неа коишто наводно паднале во Бразил или во Тихиот Океан, изјави за РИА Новости извор од руската ракетно-вселенска индустрија.
Руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“ можеби целосно согорела во атмосферата на Земјата, бидејќи сé уште нема презентирани остатоци од неа коишто наводно паднале во Бразил или во Тихиот Океан, изјави за РИА Новости извор од руската ракетно-вселенска индустрија.„Сé додека на Русија не и’ се доставени фрагменти коишто ќе бидат препознаени и идентификувани од страна на меѓународни експерти, дека припаѓале на ’Фобос-Грунт’, иако најверојатно и во блиска иднина ќе слушаме за тоа, се смета дека сондата целосно согорела во атмосферата без да се предизвикаат некои штети. За оваа верзија може да бидат заинтересирани сите државни институции и структури кои се одговорни за дизајнирањето, изградбата, лансирањето, непредвидениот инцидент и падот на ’Фобос-Грунт’. Најверојатно, вистината никогаш нема да ја дознаеме“, изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата.Во неделата на 15-ти јануари, сондата „Фобос“ експлодираше во горните слоеви од атмосферата на Земјата, но остатоци од неа сé уште не се пронајдени.Министерство за одбрана на Руската Федерација соопшти дека остатоци од сателитот во 21,45 по московско време во неделата (18,45 часот по македонско време) паднале во Пацификот , на 1.250 километри од чилеанскиот остров Велингтон. Меѓутоа, извор од рускиот ракетно-вселенскиот сектор, повикувајќи се на податоци од цивилните руски балистичари за РИА Новости потврди дека фрагменти од леталото може да паднеле во интервалот меѓу 21,40 и 22,20 часот по московско време (18,40 и 19,20 часот по македонско време) со координатите на централната точка од 310,7 степени источна должина (еквивалентно на 49,3 степени западна од 180-степениот систем) и 18,2 степени јужна ширина.Федералната руска вселенска агенција не објави официјални информации за локацијата и времето на падот на вселенската станица.Вкупната маса на Автоматско меѓупланетарна станица на „Фобос-Грунт (Фобос-Почва) изнесуваше 13,5 тони, од кои 11 тони отпаѓаат на компоненти за гориво. Според руската вселенска агенција, на површината на Земјата може да достигнат околу 20 до 30 парчиња од вселенското летало со вкупната маса помала од 200 килограми. Токсичното гориво – диметахидразин – според процените руските експерти согорело во густите слоеви на атмосферата на висина од околу 100 километри. Фрагменти од леталото може да бидат расфрлани по патеката на летот на растојание од неколку стотици километри.„Фобос-Грунт“ е првата по 15 години руска меѓупланетарна сонда којашто беше лансирана на 9-ти ноември 2011 година, од космодромот во Бајконур. Според предвиденото во август 2012 година требаше да пристигне во орбитата на Марс, да се спушти на неговиот сателит Фобос, а потоа да испрати на Земјата апарат со примероци од почвата од овој сателит на „Црвената планета“.Сондата „Фобос-Грунт“, наменета за вселенски транспорт и испорака на примероци од површината на месечината на Марс – Фобос, беше лансирана од космодромот Бајконур вечерта на 9-ти ноември. Таа беше лансирана со помош на двоетапната ракета „Зенит-2 Сб“ и работеше нормално, односно сондата без проблем се одвои од ракетата. Меѓутоа, моторите на меѓупланетарна станица не се активираа и таа не можеше да се движи по определената траекторија за нејзиниот меѓупланетарен лет и остана во орбитата на Земјата.Претходно кон средината на декември, руската вселенска агенција Роскосмос, соопшти дека сондата „Фобос-Грунт“ ќе падне на Земјата во периодот од 6 до 19 јануари во зоната меѓу 51,4 степен северна и 51,4 степени јужна широчина. Овие географски координати вклучуваат главно населени подрачја на Земјата во Европа, Африка, Азија и Америка.Првично процените беа дека во почетокот на декември несогорувајќи во густа атмосфера на Земјата, делови од вселенското летало може да паднат во неколку земји, во САД, Кина, во Африка, на Блискиот исток или неколку европски држави, како и во Австралија, Јапонија, Украина и Русија.Кон средината на ноември руските научници и нивните колеги од опсерваторија на Европската вселенска агенција (ЕSA) во австралискиот град Перт ги примија првите сигнали од сондата во обидите да воспоставување контакт и придвижување на моторите на руската меѓупланетарна станица „Фобос-Грунт“, но тие не дадоа никакви резултати.Експертите се обидуваа да се „пробијат“ во системот за контрола на сондата, за да видат што се случува со неа, односно да прецизираат каде настанал проблемот. Тие сакаа да ја добијат телеметријата, зашто доколку дојдеа до неа, ќе можеа да направат анализа и ќе се обидеа да го репрограмираат апаратот./крај/ рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

