Свет
Од руината на крстосувачот „Коста Конкордија“ истекува непозната течност
Течност со непознато потекло истекува од трупот на хавасираниот италијански туристички крстосувач „Коста Конкордија“, јави во понеделникот навечер Reuters, повикувајќи се на изјавата на министерот за животна средина на Италија, Корадо Клини.
Течност со непознато потекло истекува од трупот на хавасираниот италијански туристички крстосувач „Коста Конкордија“, јави во понеделникот навечер Reuters, повикувајќи се на изјавата на министерот за животна средина на Италија, Корадо Клини.Засега не востановено дали станува збор за истекување гориво од внатрешноста на бродот, изјавил Клини. Тој додал дека за секој случај вбдите околу заринканиот брод се оградени.Клини, исто така, изјавил дека наскоро ќе прогласи вонредна состојба поради хаваријата на бродот.„Продолжува постојаниот мониторинг (на ситуацијата) со цел да се донесат одлуки во насока на избегнување на загадување“, го цитира агенцијата италијанскиот министер за заштита на животната средина.Претходно светската еколошка организација Гринпис соопшти дека во резервоарите на бродот има 2.400 тони гориво, и оти неговото излевање може да предизвика сериозна штета на животната средина. Особено загриженоста на еколозите се должи на фактот дека бродот потонал во заштитена област.Луксузниот туристики крстосувач „Коста Конкордија“, на кој имаше повеќе од 3.200 патници и членови на екипажот, меѓу кои и тричленото македонско семејство Даскаловиќ, заринка во близната на островот Џиљо во Тиренското Море во близина на брегот на италијанскиот регион Тоскана ноќта кон 14 јануари. Според капетанот на бродот, пловилото удрило во подводен гребен, кој не бил внесен во навигациската карта. Миланскиот дневен весник Corriere della Sera во понеделникот навечер пишуваше дека капетанот на бродот скршнал од зацртаната рута, што го наведе и првиот човек на компанијата „Коста Крујзерс“ во чија сопственост е бродот, Пјерлуиџи Фоски. Капетанот Франческо Скетино непосредно пред несреќата го повикал шефот на келнерите Антонело Тјеволи на командниот мост и му се обратил со зборовите „Антонело, дојди да видиш, сосема сме близу до твоето Џиљо“. Тјеволи, наводно требало една недела претходно да замине на одмор, но бил принуден да остане на бродот, бидејќи не му била пронајдена соодветна замена. Од тие причини капетанот Скетино сакал да му направи услуга и го доближил огромниот брод доа карпестото крајбрежје, наведува извор на весникот.Досега спасувачките екипи извлекоа шест тела на настраданите во несреќата, додека сѐ уште како исчезнати се водат најмалку 14 лица./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

