Свет
Блондинката поради која потона „Конкордија“
Жената поради која капетанот на бродот “Коста Конкордија” направи грешка и го насука бродот во близина на Тоскана е Молдавката Домника Чемортан.
Жената поради која капетанот на бродот “Коста Конкордија” направи грешка и го насука бродот во близина на Тоскана е Молдавката Домника Чемортан. Според сведочењата на патниците, 25 годишната девојка била во придружба на капетанот и заедно со него се нашла на командниот мост што според правилата е забрането. Италијанските медиуми тврдат дека таа не била на бродот ниту патник, ниту екипаж, туку работела на црно. Италијанскиот обвинител веднаш по потонувањето на бродот и опсежната истрага по добиените сознанија за 25 годишната блондинка поради кој можеби потонал бродот наредил нејзино итно пронаоѓање. Но таа самата се јавила во медиумите. Тврди дека не била на црно на бродот, туку пет години работела за фирмата Коста, а на „Конкордија“ била на одмор. Наводно, според нејзиниот исказ, таа на командното место била бидејќи капетанот побарал да му преведува на руски информации за патниците. Таа тврди дека капетанот не побегнал, туку дека ги спасувал патниците и најверојатно ќе биде една од клучните сведоци во истрагата. Преживеаните патници велат дека Молдавката постојано ја гледале во придружба на капетанот Франческо Скетино. крај. молдавија.орг.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.