Свет
Мисијата на француските војници во Авганистан нема да се менува
Францускиот министер за одбрана Жерар Лонге во саботата во главниот авганистански град Кабул изјави дека задачата на француските војници во Авганистан „останува иста, а тоа е помошта во воспоставување стабилни сили“ во земјата.
Францускиот министер за одбрана Жерар Лонге во саботата во главниот авганистански град Кабул изјави дека задачата на француските војници во Авганистан „останува иста, а тоа е помошта во воспоставување стабилни сили“ во земјата.„Мора да спроведеме дебата за давањето поддршка во работата која е успешна. Целта на оваа посета е да се утврди ставот што мора да го заземат нашите челници. Задачата е целосно иста, да се помогне во воспоставувањето стабилни сили, за да се пренесат овластувањата врз Авганистанците“, изјави Лонге по доаѓањето во Кабул, ден по загинувањето на четворицата француски војници врз кои стрелаше човек облечен во авганистанска воена униформа, пренесува AFP.Одговарајќи на прашањето за можно предвремено повлекување на француските војници од Авганистан што во петокот го напомена претседателот Николас Саркози,францускиот министер за одбрана изјави “Ќе разговарам за тоа со претседателот на Републиката. Само нему му одговарам“.Министерот Лонге во петокот ги посети тешко ранетите војници коишто беа превезени во Франција поради лекување. Врз француските војници беше отворен оган додека рекреативно трчале. Во нападот четворица војници беа убиени, а петнаесетмина беа ранети, од осум се со тешки повреди. Ова е втор ваков напад врз припадниците на француските единици во состав на меѓународните сили за поддршка на Авганистан под команда на НАТО, мисијата ИСАФ за неполн месец.Во саботата талибаните соопштија дека авганистанскиот војник кој стрелал врз Французите пред извесно време минал на нивна страна. „Исламскиот емират Авганистан регрутираше луѓе на важни места, некои од нив ве’е ги извршија своите задачи.“, изјави претставник на авганистанските талибани за Reuters. Во редовите на мисијата ИСАФ во моментов има 3.600 француски војници, а од почетокот на меѓународната интервенција во Авганистан во 2001 година со којашто беше соборен талибанскиот режим, досега загинале 82 војници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

