Свет
Демонстранти упаднаа во седиштето на либискиот Национален совет
Во главното седиште на либискиот Национален преоден совет (NTC) во северниот град Бенгази, во саботата навечер упаднале неколку стотина млади демонстранти
Во главното седиште на либискиот Национален преоден совет (NTC) во северниот град Бенгази, во саботата навечер упаднале неколку стотина млади демонстранти„Прво пред зградата запалија оган, потоа ги скршија прозорците на зградата и го оштетија блиндираното возило со кое се превезува претседателот на NTC, Мустафа Абделџалил, а беше паркирано пред зградата. Демонстрантите потоа ни овозможија да ја напуштиме зградата. Протоа никој не е повреден“, изјави во телефонски разговор за AFP претставникот на либискиот Национален преоден совет за надворешна политка, Фатхи Баџа.„Не ни е познато што точно бараа оние коишто влегоа во зградата. Некои меѓу нив беа многу млади, нема ниту 15 години, но имаше и постари. Некои бараа оставка од сите членови на Советот, покрај мојата, и оставки на шефот на Советот, Мустафа Абделџалил и уште на еден член на NTC“, додал Џалил.Демонстраните биле вооружени со камења и со железни мотки. Претходно Абделџалил излезе пред демонстрантите, настојувајќи да ги смири, но тие врз него почнаа да фрлаат пластични шишиња, на што полицијата одговри со употреба на солзавец.Во саботата попладне по локално време, демонстрантите пластичните шишиња ги заменија со гранати од домашно производство, но немало жртви. Нападот на демонстрантите, според политичките аналитичари, е одраз на сѐ поголемото незадоволство од новите либиски власти. Како што пренесуваат странските новински агенции, повеќето од демонстрантите биле инвалиди од деветмесечните борби со кои беше соборен режимот на водачот на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи. Мнозинството се незадоволни со паричните надоместоци коишто им ги ветија новите либиски власти, и се жалат дека тие не се доволни за основните животни потреби./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

