Свет
„Окупирај..“ тврди дека досега се уапсени шест илјади демонстранти
Анти-корпорациското движење „Окупирај …“ наведува дека повеќе од шест илјади демонстранти се уапсени во САД, од почетокот на кампањата во септември 2011 година.
Анти-корпорациското движење „Окупирај …“ наведува дека повеќе од шест илјади демонстранти се уапсени во САД, од почетокот на кампањата во септември 2011 година.Интернет страницата Occupyarrests.com, којашто ги следи протестите во петокот пишува дека американската полиција досега притворила најмалку 6.020 демонстранти на движењето „Окупирај …“.Во бројката што ја презентира интернет ресурсот, се вклучени и 37 лица, кои беа уапсени во четвртокот во Њујорк, коишто демонстрираа, меѓу другото, и против аукцијата на запленети куќи во Врховниот суд на Бруклин. Демонстрантите со гласни извици и негодувања почнале да го попречуваат наддавањето за куќите.Најмалку три демонстранта од движењето „Окупирај го Минеаполис“, биле уапсени во седиштето на „US Bank“ во Минеаполис во вторникот. Демонстрантите барале да се овозможат разговори меѓу претставници на банката и две лица чиишто куќи биле запленети.Протестите коишто започнаа на 17-ти септември минатата година под мотото „Окупирај го Волстрит“, брзо се проширија во речиси сите поголеми градови во САД, меѓу кои Лос Анџелес, Мајами и Вашингтон. Демонстрантите лани на 1-ви октомври го подигнаа својот камп и во близина на зградата на градската администрација на Лос Анџелес, по примерот на кампот на демонстрантите од кампот „Окупирај го Волстрит“ во њујоршкиот Зукоти парк. Претходните месеци полицијата го растури и кампот на демонстрантите од сличната акција во градот Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, при што уапси шест демонстранти.Демонстрантите протестираат против безработицата, владините политики и финансиски институции, нарекувајќи ги „финансиски терористи“, а, исто така, тие бараат и повисоки даноци за богатите. Активистите веруваат дека дејствуваат во име на мнозинството од населението на САД (оттука друго име за движење е „99 отсто“). Наскоро потоа слична кампања започна и во неколку други западни земји, како Канада, Австралија, Германија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Ирска, Португалија, како и во други земји./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

