Свет
Во Египет започнаа изборите за горниот дом на парламентот
Граѓаните на Египет во недела го започнаа гласањето во првата фаза на изборите за горниот дом на парламентот, советот Шура, на кои се очекува исламистичките партии да го повторат успехот од изборите за долниот дом.
Граѓаните на Египет во недела го започнаа гласањето во првата фаза на изборите за горниот дом на парламентот, советот Шура, на кои се очекува исламистичките партии да го повторат успехот од изборите за долниот дом.
Гласањето за горниот дом ќе се одвива во две фази и ќе заврши до 22 фебруари. Во првата фаза на изборите, во недела и во понеделник, се гласа за вкупно 90 од 270 места во горниот дом, а вториот круг од првата фаза ќе се одржи на 7 фебруари. За наредните 90 мандати ќе се гласа на 14 и 15 фебруари, а вториот круг на втората фаза ќе се одржи на 22 фебруари.
Преостанатите 90 члена на Шурата ќе ги одреди идниот претседател на Египет, кој, според распоредот на Воениот совет кое пред речиси една година ја презема власта во земјата од срушениот претседател Хосни Мубарак, ќе биде избран на изборите во јуни.
На изборите за долниот дом на парламентот, кои се сметаат за најдемократски во Египет откако во 1952 година војската го сруши кралот, 47 проценти од пратенички мандати освои Муслиманското братство, исламистичка партија која беше забранета во текот на владеењето на Хосни Мубарак.
Според планот на преодната влада, по изборите и конституирањето на парламентот, двата дома би требале да именуваат одбор за изработка на новиот устав, кој ќе биде камен-темелник на египетската демократска транзиција.
Горниот дом а парламентот има ограничени овластувања и не може да ги блокира законодавните овластувања на долниот до. Но, пред усвојувањето на кој и да е закон, пратениците во долниот дом мораат да го консултираат горниот дом. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.

