Свет
Генерален 24 часовен штрајк започна во Белгија
Генерален 24-часовен штрајк заеднички организиран од страна на најголемите синдикати во земјата против политиката на големи штедења почнаа во Белгија во неделата во 22 часот, јавуваат агенциите.
Генерален 24-часовен штрајк заеднички организиран од страна на најголемите синдикати во земјата против политиката на големи штедења почнаа во Белгија во неделата во 22 часот, јавуваат агенциите. Едни од првите коишто го започнаа штрајкот се работниците во транспортот. Така во текот на понеделникот работата на градскиот транспорт на триторијата на цела Белгија ќе биде речиси целосно запрен, а нема да се одвива железничкиот сообраќај, вклучувајќи ги и меѓунардоните брзи возови Талис и Еуростар, коишто Белгија ја поврзуваат со Холандија, Франција и Велика Британија. Исто така, во неделата е објавено дека е затворен аеродромот Шарлероа, вториот по големина во Белгија. Не е исклучено и дека штрајкот ќе влијае врз функционирањето на меѓународниот аеродром во Брисел. Здружението на белгиските пилоти, коешто го сочинуваат околу 800 пилоти и инженери за цивилна воздушна пловидба, ги повика своите членови да му се приклучат на протестот.Белгиските власти соопштија во врска со тековниот генерален штрајк, кој се совпаѓа со почетокот на неформалниот самит на Европската унија, дека имаат намера , доколку е потребно, да обезбедат прифаќање на авионите на воениот авион „Бовешан“ на 30 километри од Брисел за слетување и заминување на авионите на челниците на 27-те земји членки на ЕУ. На командата на белгиската воздухопловна база и’ е наредено да разгледува таква можност, во случај контролорите на летањето на аеродромот во главниот град да решат да им се приклучат на синдикатите на протестот. Меѓутоа, како што пишуваат локалните медиуми, пистата на воениот аеродром „Бовешан“ не е адаптирана за прифаќање на авионите од типовите „Боинг 747“ и „Еебас А380“. И покрај тоа што во Брисел на денот на штрајкот – понеделник, не е планирано да се спроведат масовни демонстрации на работниците на улиците, главниот град на Белгија ќе биде во своевидна „опсадна состојба“, бидејќи приодите кон градот ќе бидат блокирани со колци. Претходниот генерален штрајк во Белгија организиран заеднички од најголемите синдикати беше одржан во 1993 година./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

