Свет
Кастро: На Куба останува еднопартискиот систем
Наспроти покренувањето на економските реформи, кои го отвораат патот за приватното претприемништво, на Куба и натаму на власт ќе остане еднопартискиот систем, како „брана од американскиот империјализам“, најави претседателот Раул кастро.
Наспроти покренувањето на економските реформи, кои го отвораат патот за приватното претприемништво, на Куба и натаму на власт ќе остане еднопартискиот систем, како „брана од американскиот империјализам“, најави претседателот Раул кастро.
На конференцијата на владејачката Комунистичка партија, одржана во текот на викендот и врз темелите на искуствата од долгата историја на борбата за независност и национален суверенитет, Куба ќе го задржи еднопартискиот систем наместо да воведува „демагогија и комерцијализација“ на политиката, истакна Кастро. Тој додаде дека дозволувањето на опозициско делување ќе им ги отвори вратите на САД за мешање во кубанската политика.
Со тоа кубанскиот лидер потврди дека економските реформи, кои на Кубанците ќе им овозможат да отвораат мали бизниси и да купуваат и да продаваат автомобили, нема да предизвикаат и политички реформи на овој карипски остров, каде што владеењето на Комунистичка партија е загарантирано со Уставот од 1976 година.
Кастро, сепак, најави некакви промени во политичкиот систем, со воведување на можноста останувањето на функција на кубанските политичари да им се ограничи на два петгодишни мандати. Сепак, тие промени ќе се воведуваат постапно, а за нив се потребни и уставни измени.
Кубанската власт се надева дека со промените ќе внесе малку „свежа крв“ која и е потребна бидејќи сите сегашни лидери се во длабока старост – Раул кастро има 80 години, неговиот потпретседател Хозе Рамон Мачадо Вентура има 81 година, а Фидел Кастро, кој зарадуи болест се повлече по 49-годишно владеење, има 85 години. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.