Свет
Повеќе од 400 убиени деца во Сирија
Најмалку 400 деца биле убиени во Сирија од март 2011 година кога во земјата започна побуната против претседателот Башар ал-Асад, соопшти УНИЦЕФ.
Најмалку 400 деца биле убиени во Сирија од март 2011 година кога во земјата започна побуната против претседателот Башар ал-Асад, соопшти УНИЦЕФ.Од организацијата соопштија дека исто толку деца биле притворени и сексуално злоставувани. Најалармантна била состојбата во градот Хомс каде последниве неколку дена има интензивно бомбардирање кое го спроведуваат владините воени сили. Колку луѓе загинале во овој град сè уште никој не знае бидејќи зоната е недостапна за да се влезе. УНИЦЕФ побарале од сириските власти да му овозможат да влезе во воените зони и да пружи помош на настраданите. Организацијата се огради со соопштение неколку дена откако Русија и Кина во саботата во Советот за безбедност на Обединетите нации вложија вето на Резолуцијата со која Башар ал-Асад се повикува да поднесе оставка. Со ветото се спречи усвојувањето на одлуката. Опозицијата во Сирија соопшти дека режимот ноќта помеѓу петок и сабота го бомбардирал градот Хомс при што загинале 200 цивили.Властите во Дамаск информацијата ја демантираа и соопштија дека за убиствата се одговорни терористичките групации. Според Обединетите нации до сега во Сирија загинале 5.000 цивили./крај/бета/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

