Контакт

Свет

Путин против вмешување во внатрешните работи на Сирија

Објавено пред

Светот е изложен на култот на насилството и Москва не смее да дозволи во Русија да се одигруваат настани според либиското или сириското сценарио, изјави во средата рускиот премиер Владимир Путин предупредувајќи го Западот да не се меша во внатрешните работи.

dobivaj vesti na viber

Светот е изложен на култот на насилството и Москва не смее да дозволи во Русија да се одигруваат настани според либиското или сириското сценарио, изјави во средата рускиот премиер Владимир Путин предупредувајќи го Западот да не се меша во внатрешните работи. Меѓународната заедница треба да им овозможи на луѓето од Сирија самите да ја решаваат нивните судбина, вели претседателски кандидат Владимир Путин. „Ние сме должни, безусловно, да им овозможиме на луѓето од овие земји самите да ги решаваат овие проблеми“, рекол рускиот премиер, коментирајќи ги ситуациите во Сирија и Либија.„Нашата задача е да им помогнеме да го сторат тоа без надворешно мешање“, додава  Путин.Притоа Путин нагласил дека „многу јасно кажавме што мислиме за квалитетот на режимот во Либија“, истовремено истакнувајќи дека е изненаден од тоа што „денес никој не кажува што се случува во градот Сирт, и во другите градови кои го поддржуваа поранешниот либиски водач“. „А таму сé уште се случуваат ужасни злосторства, но за тоа никој не зборува, поради некоја причина тоа се заборава. Затоа што тоа се страшните последици од надворешната интервенција, особено воената“, вели Вели Путин.„Истото важи и за Сирија“, предупредува шефот на владата на Руската Федерација.„Ние секако го осудуваме секое насилство без разлика на тоа од каде тоа доаѓа, но човек не смее да постапува како слон во продавница за стакло. Помогнете им, советувајте ги, ставите ограничувања, на пример, на нивната способност за употреба на оружје, но на ниеден начин не се вмешувајте“, изјавил рускиот премиер Владимир Путин, пренесува агенцијата Итар-Тасс.Со тоа премиерот Путин ги повтори зборовите на министерот за внатрешни работи Сергеј Лавров, искажани во средата по неговото враќање од посетата на сириската престолнина Дамаск, каде разговараш со претседателот Башар ал-Асад. Путин кој се кандидираше за претседателските избори коишто ќе се одржат во март ги критикува САД и НАТО за воените интервенции во странство, од инвазијата врз Ирак во 2003 година па до бомбардирањето на Либија во 2011 година.„Култот на насилство изби во прв план во меѓународните односи последните десет години“, истакнувајќи дека тоа предизвикува загриженост и оти „ние не смееме да дозволиме што и да е слично на тоа да се случи во нашата земја“, пренесува Reuters.Опозицијата во Русија, којашто со протестите се обидува да ја оспори легитимноста на резултатите од парламентарните избори од 4-ти декември на коишто победи партијата на Путин, Единствена Русија, рускиот премиер ја обвинува дека е финансирана од Западот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало

Објавено пред

Од

Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.

dobivaj vesti na viber

„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.

Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.

Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.

На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.

Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Катар ги прекина односите со Иран по нападот

Објавено пред

Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.

„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија

Објавено пред

Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.

„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.

Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија44 минути

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија48 минути

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија1 час

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија1 час

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет5 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет5 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет6 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет6 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа6 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет6 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет12 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет12 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет14 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија16 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија17 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет17 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет18 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет19 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...