Свет
Санторум победи во три американски држави
Рик Санторум победи на прелиминарните гласања во Минесота, Мисури и Колорадо за избор на претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија, јави Глас на Америка на македонски јазик.
Рик Санторум победи на прелиминарните гласања во Минесота, Мисури и Колорадо за избор на претседателски кандидат од редовите на Републиканската партија, јави Глас на Америка на македонски јазик.
Поранешниот сенатор од Пенсилванија победи во Минесота со 45%. Конгресменот Рон Пол го освои второто место со 27%, а досегашниот фаворит, поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни беше трет со 17% од гласовите.
Во Мисури Санторум освои 55%, Ромни 25% а Пол 12% од гласовите.
Прославувајќи ја победата, Санторум изјави дека „конзерватизмот не само што е жив, туку и во одлична состојба“ во Мисури и Минесота. Тој се прогласи за вистинската „конзервативна алтернатива“, и на сопартиецот Ромни, и на претседателот Барак Обама.
Санторум го обвини Обама дека е арогантен и не сака да чуе дека американскиот народ е против владината помош за финансискиот сектор и реформата на здравствената заштита.
Санторум победи и во Колорадо со 40% од гласовите, пред Ромни со 35% и поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич со 13%.
Ромни победи со голема разлика во Колорадо на претходните прелиминарни републикански избори во 2008-ма.
Тројната победа на Санторум, како што јавува Гласот на Америка, нанесе значителен удар на статусот на Ромни дека е фаворит да ја освои републиканската номинација за претседателските избори. Ромни му честиташе на Санторум, но кажа дека на крајот очекува да биде кандидатот кој ќе се спротистави на Обама. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

