Свет
Бундестагот на 27 февруари ќе гласа за спасувањето на Грција
Германскиот парламент најверојатно ќе одржи посебна седница на 27 февруари, на која ќе се изјасни за вториот пакет помош на Грција, изјави денеска пратеникот, Клаус Ернст, кој што е колидер на Левицата.
Германскиот парламент најверојатно ќе одржи посебна седница на 27 февруари, на која ќе се изјасни за вториот пакет помош на Грција, изјави денеска пратеникот, Клаус Ернст, кој што е колидер на Левицата.Ернст им соопшти на новинарите дека германската канцеларка Ангела Меркел одржала средба со лидерите на петте партии застапени во долниот дом на парламентот, Бундестагот, при што ги информирала за состојбата во Грција.На средбата било истакнато дека Бундестагот најверојатно ќе одржи посебна седница на 27 февруари со цел да донесе одлука. Политичките лидери во Грција вчера постигнаа договор за ново болно кратење на издатоците и укинување на работните места, но министрите за финансии на еврозоната подоцна соопштија дека Атина не сторила доволно и побараа нови итни кастрења во замена за новиот пакет помош од 130 милијарди евра. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.
Свет
Иран ја поништи смртната казна на активистката за работнички права, Мохамади
Врховниот суд на Иран ја укина смртната казна на активистката за работнички права Шарифе Мохамади.
Нејзиниот адвокат вели дека казната на Мохамади ќе биде преиспитана во ново судење. Мохамади беше приведена во декември минатата година и оттогаш беше сместена во повеќе затвори. Револуционерниот суд во јули ја осуди Мохамади на смрт за вооружен отпор против Исламската Република.
Мохамади беше активна во одбрана на работничките права во иранската провинција Гилан.
Регион
Пронајдено телото на уште една жртва од поплавите во БиХ, операцијата за извлекување е во тек
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа Коњиќ, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон се искачи на 21. Операцијата за спасување е во тек.
Покрај 21 загинат во оваа област, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите, пренесува Н1.
Откако ќе заврши извлекувањето на телото, ќе следи идентификација, изјави за Н1 градоначалникот на Коњиќ, Осман Ќатиќ.
Се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, а по едно во Коњиќ.