Свет
Американски универзитет делел дипломи на странци кои не знаат англиски
Американскиот државен универзитет Дикинсон од Северна Дакота масовно доделувал дипломи на странските студенти, меѓу кои некои не го говореле англискиот јазик, а не ни положиле квалификационен испит.
Американскиот државен универзитет Дикинсон од Северна Дакота масовно доделувал дипломи на странските студенти, меѓу кои некои не го говореле англискиот јазик, а не ни положиле квалификационен испит.Во контролниот извештај за работата на тој универзитет се наведува дека постои „сериозен недостаток на контрола и надзор“. Од 410 странски студенти кои добиле дипломи, 400 не ги задоволуваат критериумите.Извештајот се однесува на периодот од 2003 година, од кога почна да се применува специјалната програма со која на странските студенти им е овозможено студирање без потреба да доаѓаат во САД. Околу 91 отсто од спорните дипломи се издадени по 2008 година.Понатаму се додава дека околу 95 отсто од спорните дипломи им се зидадени на студенти од Кина, додека остатокот е даден на руски државјани.На Универзитетот не сакаа да го коментираат извештајот, а детали најавија за на прес конференција.Ако наводите во извештајот се покажат како точни, универзитетот Дикинсон ќе се соочи со казни заради кршење на сојузната студентска програма, но и прописите за давање дозволи на образовните установи. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Лукас: Половина Србија се дружи со Ориќ, нема да остапам ни милиметар пред Додик
Српскиот пејач, Аца Лукас изјави дека доживеал неравда по објавената фотографија со Насер Ориќ и дека „нема да отстапи ниту милиметар“ пред Милорад Додик, кој му го забранил концертот на Јахорина.
За „Аваз.тв“ кажа дека фотографијата погрешно се толкува и дека прв пат го видел Ориќ. Лукас истакна дека не знае дали концертот во Сараево му бил забранет поради неговата претходна поддршка на Додик, додавајќи дека „половина Србија и Република Српска се дружат со Ориќ“.
Откако Олимпискиот центар Јахорина официјално го откажа неговиот настап, Додик изјави дека Лукас „го изгубил кредибилитетот за секое идно гостување во РС“. Лукас му возврати дека тој не барал поддршка од Додик, туку обратно, и дека повторно ќе настапува на Јахорина.
Пејачот нагласи дека нема намера да се извинува за нешто што, според него, е преголема реакција и пример за двојни аршини.
Тој додаде дека не бил свесен кој седел до него кога е направена фотографијата и дека не сака да прави поделби по национална основа, туку „луѓето ги дели на добри и лоши“.
Лукас оцени дека целата ситуација е политички мотивирана, дека никого не навредил и најави правни чекори поради забраната за настапот.
Свет
Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини
Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и актуелен ректор на Колеџот на Европа, Федерика Могерини, е приведена како дел од истрагата на Европското обвинителство за можна измама во врска со академијата финансирана од ЕУ за млади дипломати, објавуваат белгиските медиуми.
Европското јавно обвинителствопретходно денес објави дека предмет на истрагата е Дипломатската академија на ЕУ, деветмесечна програма за обука на млади дипломати во земјите-членки, која Колеџот на Европа ја доби на тендерот на Европската служба за надворешна акција (ЕЕАС) во 2021 и 2022 година.
Обвинителството истражува дали ЕЕАС ги прекршила правилата за тендер со споделување доверливи информации со Колеџот пред да му биде доделен проектот.
Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Могерини, е приведена на сослушување, потврдија судски извори за белгискиот весник „Стандард“.
Меѓу уапсените е и Стефано Санино, генерален директор на одделот на Европската комисија за Блискиот Исток, Северна Африка и земјите од Заливот, кој беше генерален секретар на ЕЕАС за време на мандатот на Могерини, објавува „Белга“.
Белгиската полиција денес ги претресе канцелариите на ЕЕАС во Брисел, просториите на Колеџот на Европа во Бриж, кој добива средства од ЕУ, како и приватни домови во Белгија, вклучувајќи ја и приватната резиденција на Могерини во Бриж.
Могерини ја предводеше ЕЕАС од 2014 до 2019 година. Од 2020 година, таа е ректор на Колеџот на Европа, а беше избрана и за директорка на Дипломатската академија на ЕУ.
Свет
Ирак ги повика американските компании да го заменат „Лукоил“
Ирачкото министерство за нафта соопшти дека ги поканило американските компании да поднесат понуди за купување на мнозинскиот удел во нафтното поле Западна Курна 2, со кој моментално управува рускиот „Лукоил“. Победникот на тендерот ќе го замени „Лукоил“ како оператор.
Според изворите, ExxonMobil веќе сигнализирал интерес, а интерес покажуваат и BP, TotalEnergies и кинески компании како PetroChina, која управува со соседното поле Западна Курна 1.
„Лукоил“ има 75% од уделот во Западна Курна 2, а остатокот го контролира ирачката државна компанија South Oil Company. По американските санкции воведени во октомври, „Лукоил“ одлучи да го продаде својот странски имот.
Ирак не планира сам да го купи уделот бидејќи проектот е премногу голем за државните компании. Меѓу потенцијалните купувачи се споменуваат и IHC (ОАЕ) и американскиот инвестициски фонд Carlyle, додека швајцарскиот Gunvor се повлекол поради американските регулативи.
Санкциите ја отежнале исплатата на платите и трансферот на пари од „Лукоил“ во Ирак, па владата привремено исплатила заостанати плати за да ја задржи стабилната работа во полето, кое произведува околу 460.000–480.000 барели дневно.
Западна Курна 2 е од клучно значење за Ирак, кој извезува 3,4 милиони барели дневно, а нафтата носи 90% од буџетските приходи на земјата. Производството од ова поле сочинува 0,5% од глобалното производство на нафта.

