Контакт

Свет

Нигериската полиција спречи терористички напад во северниот дел

Објавено пред

Безбедносните служби на Нигерија во понеделникот спречија терористички напад кој требало да биде извршен со автомобил-бомба врз зграда на владина агенција во градот Кадуна во северниот дел на земјата, јавува Reuters повикувајќи се на гувернерот на истоимената држава Рубен Бухари.

dobivaj vesti na viber

Безбедносните служби на Нигерија во понеделникот спречија терористички  напад кој требало да биде извршен со автомобил-бомба врз зграда на владина агенција во градот Кадуна во северниот дел на земјата, јавува Reuters повикувајќи се на гувернерот на истоимената држава Рубен Бухари.Атентторот бил ранет во двете нозе додека се обидувал да избега. Во моментов, тој се наоѓа во притвор, рекол за генцијата Бухари.Според еден од војниците, кој бил очевидец на инцидентот, возачот на автомобилот бил државен службеник.Во јануари годинава во градот Кано во северниот дел на Нигерија, беа изведени четири бомбашки напади во близина на полициски станици во кои загинаа 178 лица. Одговорноста за тоа ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам. По овие напади, нигериските власти уапсија 200 лица осомничени дека учествувале во нив.Претходно во Нигерија имаше серија напади околу католички Божик во кои беа убиен 49 христијани, а за што се обвинуваат припадниците на Боко Харам.Бунтот на исламистичкото движење Боко Харам, главно досега беше ограничен на нигериската сојузна држава Борно на крајниот североисток од земјата, но од годинава се прошири кон северот на Нигерија и во главниот град Абуџа.Бранот насилство ја зафати Нигерија од мај 2011 година кога на претседателските избори победи христијанинот Гудлак Џонатан кој доаѓа од западниот дел од земјата.  Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите. Изборите коишто се одржаа на 16-ти април 2011 година се случија низа протести и безредија во кои животите ги загубија повеќе од 800 луѓе.Во сојузната нигериска држава Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население, од пред десет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Боко Харам е бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларна модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа.Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.Во јануари 2011 година во четиридневните насилства, според официјалните податоци, биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Во март 2011 година, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите се случија во близината на градот Џос. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртви на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 година кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 година. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Според податоците од државната изборна комисија тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31 отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“  и други нафтени компании.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.Нигерија е составена од  вкупно 36 држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Ирански медиуми: Градот Санандаџ беше нападнат, уништени се зградите

Објавено пред

Најмалку две лица се убиени во напад врз западниот ирански град Санандаџ, кој иранската државна новинска агенција Фарс го опиша како „непријателски напад“.

dobivaj vesti na viber

Градот наводно бил цел на ракети, уништувајќи неколку станбени згради и полициската станица во градот.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека американските и израелските сили испукале шест ракети кон различни делови од градот, вклучувајќи ги и густо населените области.

Снимките објавени на интернет, а потврдени од Ал Џезира, го прикажуваат моментот на еден од нападите, со пламен и огромни облаци чад што се издигаат на небото.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Објавено пред

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Бахреин. Гласни експлозии одекнуваа низ целиот регион, а според првичните извештаи, воздушната одбрана беше активирана во неколку земји.

dobivaj vesti na viber

Во Дубаи, дописникот на CNN сними „две последователни експлозии“ и млазни авиони што прелетуваат над нив. Во главниот град на Катар, Доха, се слушнаа „прилично гласни“ удари. Екипата во Абу Даби објави дека слушнала „огромна експлозија“.

Дописниците на Ал-Арабија и Ал-Хадат известуваат дека кувајтската воздушна одбрана пресретнала непријателски цели над крајбрежниот појас.

Сирените за воздушен напад повторно се огласија во Кувајт, а според непотврдени информации, над американската амбасада се издигаше чад.

Се појавија и снимки на кои наводно се гледа падот на американски борбен авион на северот од земјата.

Во исто време, новинските агенции објавија гласни и бројни експлозии во Доха, Дубаи и Абу Даби, додека густ чад се извишуваше над областа Џуфер во Бахреин.

Бригадниот генерал Мохамед Ал-Мансури, директор на Кувајтската цивилна одбрана, потврди дека вооружените сили одбиле воздушен напад на северот од земјата.

„Звукот од експлозии што се слушаше низ целата земја беше резултат на пресретнувањето на непријателски беспилотни летала и ракети“, објасни Ал-Мансури, додавајќи дека нападите биле запрени во близина на областите Салва и Румаитија и дека немало жртви. Министерството за одбрана на Кувајт, исто така, соопшти дека силите за воздушна одбрана „ефикасно пресретнале голем број непријателски воздушни цели“, потврдувајќи исто така дека немало жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Објавено пред

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел. Нападот на Хезболах дојде како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објавува „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Жителите на Бејрут беа разбудени во 3 часот наутро од десетици експлозии додека Израел таргетираше три различни локации во јужните предградија на главниот град. Детонациите ги тресеа прозорците низ градот и се слушаа на километри. Во исто време, жителите во јужен Либан пријавија борбени авиони што летаа над нив и бомби што паѓаа во напади низ југот на земјата, а зградите во селата во близина на градот Тир се урнаа.

Хезболах во соопштението извести дека околу полноќ лансирал бараж од ракети и беспилотни летала врз објектот за ракетна одбрана Мишмар ал-Кармел во близина на Хаифа. Тие рекоа дека тоа е „одмазда“ за атентатот врз Хамнеи и дека дејствуваат „во одбрана на Либан и неговиот народ“.

Израелскиот одговор дојде само неколку часа подоцна. Војската соопшти дека нападнала цели на Хезболах низ јужен Либан, во долината Бека и во предградието Дахие во Бејрут. Во нападите врз Дахие беа убиени неколку високи офицери на Хезболах.

„Хезболах вечерва започна кампања против Израел и сноси целосна одговорност за каква било ескалација. Секој непријател што ја загрозува нашата безбедност ќе плати висока цена“, изјави во соопштението на началникот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир.

Портпаролот на израелската војска издаде наредби за евакуација на 55 села и градови низ Либан, повикувајќи ги жителите да се оддалечат најмалку 1.000 метри од областите бидејќи се блиску до „оперативци и објекти на Хезболах“. Во неделата, израелската армија објави мобилизација на 100.000 резервисти, од кои многумина се распоредени по границата со Либан.

По нападот, реки луѓе почнаа да бегаат од Дахие, со автомобили и пеш. Редови од возила се формираа пред бензинските пумпи во јужниот град Тир, додека жителите се упатуваа кон север. Автопатите што водат од Дахие до центарот на Бејрут беа преполни со скутери и автомобили што се пробиваа низ урнатините од нападот. На југ, луѓето возеа во двата правци по автопатот за да избегнат сообраќајни метежи.

Снимките од местото на настанот ги прикажуваат покривите на зградите во Дахие во пламен и изгорените остатоци од автомобили под урнатините. Сведоците што се евакуираа изјавија дека виделе ракети испукани од јужен Либан кон Израел, што изгледаше како продолжение на нападите на Хезболах.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет14 минути

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет1 час

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет1 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа1 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет1 час

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет7 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет7 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет9 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија10 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија11 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија12 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет12 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет13 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет14 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет15 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет16 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет19 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија21 час

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет22 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...