Свет
Во Дагестан, убиен бунтовничкиот лидер Даудов
Исламсистичкиот бунтовник кој беше ликвидиран во руската република Дагестан е иденитфикуван како 51-годишниот водач на бандитска група, како што бунтовниците ги нарекуваат руските власти, Ибрахимхалил Даудов
Исламсистичкиот бунтовник кој беше ликвидиран во руската република Дагестан е иденитфикуван како 51-годишниот водач на бандитска група, како што бунтовниците ги нарекуваат руските власти, Ибрахимхалил Даудов, јавува РИА Новости повикувајќи се на портпаролот на рускиот Национален антитерористички комитет (НАК), Николај Синцов.Според руските власти, Ибрахимхалил Даудов бил првиот човек на дагестанското подземје.Претходно, извор од безбедносните сили на Дагестан за агенцијата рекол дека ноќта кон вторникот во Карабудахкантскиот регион на републиката, каде што неодамна била спроведувана операција на специјалците, во река било пронајдено тело на бунтовник. Според оперативните сознанија на дагестанската полиција, Даудов застанал на чело на бунтовниците по ликвидацијата на Мохамедали Вагабов во август 201 година. Инаку според руските разузнавачки служби, Вагабов бил организаторот на двојниот терористички акт во московското метро од март 2010 година, кога загинаа 40 луѓе а 100 беа ранети. Сопругата на Даудов, Завџат Убаџулаева е разнесена при експлозија на експлозивна направа од домашно производство во московскиот кварт Кузминки. Се верува дека таа планирала на 31-ви декември 2010 година да изврши напад во Москва. За подготовка на овој напад по Даудов беше објавена федерална потерницаСите три сина на Даудов, исто така, биле активни членови на нелегални вооружени групи и биле ликвидирани во некололку операции на руските безбедносни силии.Според НАК, Даудов е извршител на повеќе убиства и напади, заплашувања на цивили, бизнисмени и свештени лица, изнуди и нелегална трговија со оружје, вклучувајќи и организирање .напади на бомбаши самоубијци.Пред ликвидацијата на Даудов, руските безбедносни сили на крајот од јануари го ликвидираа и Џамајеил Муталиев, еден од водачите на бунтовниците во Ингушетија, соседна на Дагестан во немирниот регион на Северен Кавказ. Муталиев беше еден од водачите на меѓународната терористичка организација „Кавкаски Емират“, кој беше обвинет за повеќе терористички напади и поттикнување на самоубиствени напади, меѓу кои и оној во градот Владикавказ, во септември 2010 година при што загинаа 19 а 240 луѓе беа ранети, како и убиство на четири полицјаци во Чеченија/крај/рн/мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Италијанската полиција конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 луѓе
Во голема операција против илегалната трговија со дрога италијанската полиција откри и конфискува 1,4 тони наркотици и уапси 384 лица.
Во операцијата 655 лица се ставени под истрага, од кои 39 малолетни, а конфискувани се 35 килограми кокаин и повеќе од 40 парчиња огнено оружје.
Полицијата изврши контроли и во 312 продавници за канабис, при што привремено се затворени пет продавници во три града откако биле извршени 312 контроли. Конфискувани се 296 килограми производи од канабис.
Италија во јуни одобри безбедносен декрет со кој се забранува така наречениот „легален“ канабис и трговијата со „лесен канабис“ или коноп се прогласува за нелегална трговијата, кој, за разлика од марихуаната, нема психоактивни ефекти.
Свет
Во САД заврши првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација, соопшти Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во САД веќе е завршена првата рунда разговори меѓу украинската и американската делегација и оти очекува извештај од шефот на украинската делегација Рустем Умеров пред следната рунда преговори.
Зеленски го изјави тоа за време на заедничкото обраќање до медиумите со премиерот на Португалија Луис Монтенегро.
– Нашиот тим ќе ме контактира, така се договоривме, и ќе ми ги изнесе резултатите од првиот блок на дијалогот, по што ќе одлучиме како да продолжиме, рече Зеленски.
Тој додаде дека во САД се наоѓаат и претставници на Русија и Европа, истакнувајќи дека ќе може да зборува за деталите од разговорите откако ќе го добие извештајот од Умеров.
Свет
Американски напад врз Сирија, загинаа припадници на Исламска држава
Најмалку пет припадници на Исламска држава загинаа во синоќешните американски напади врз цели на ИД во Сирија, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон.
– Помеѓу загинатите е и „водачот на ќелија“, задолжен за беспилотни летала. Тие се убиени во покраината Деир ез Зор, изјави претставникот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
САД синоќа соопштија дека погодиле повеќе од 70 цели во неколку области на Сирија. Според неименуван безбедносен извор нападите биле насочени кон ќелиите на ИД во покраините Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Претседателот на САД, Доналд Трап на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth Social), откако Пентагон соопшти за операцијата против Исламска држава, објави – „Напаѓаме многу силно против бастионите на ИД“.
Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со ИД во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Вашингтон за нападот ја обвини џихадистичката група, но ИД не презеде одговорноста за нападот.
Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.
– Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.
Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

