Свет
Обвинителството бара пет години затвор за Берлускони
Државното обвинителство во Милано побара во средата петгодишна затворска казна за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони поради обвинението за подмитување сведок во аферата Милс, јавува агенцијата ТMNews.
Државното обвинителство во Милано побара во средата петгодишна затворска казна за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони поради обвинението за подмитување сведок во аферата Милс, јавува агенцијата ТMNews. „Сигурни сме, без секакво сомнение, дека обвинетиот е виновен“, ги цитира AFP зборовите на државниот обвинител Фабио Депасквале. Во аферата Милс којашто е проследена со многу правни заплети, Силвио Берлускони, е обвинет дека на поранешниот британски адвокат Дејвид Милс му исплатил сума од 600 илјади долари за лажно сведочење во повеќе постапки водени во 1990-те. Според истрагата, Берлускони во 2000 година преку Карло Бернаскони, еден од главните менаџери на компанијата „Fininvest“ чијшто основач и сопственик беше поранешниот италијански премиер, му префрлил 600 илјади долари на банкарската сметка во Швајцарија на поранешниот адвокат Милс кој во тоа време беше главен финансиски консултант на Берлускони.За ова консултантот Милс, во својство на сведок во судската постапка во случајот на „црните средства“ на „Fininvest“, требало да го премолчи финансиското работење на компанијата во текот на 1990-тите години, за избегнувањето на даночните преку регионите попознати како „даночни раеви“, тврди истрагата.Обвинителот Депасквале, меѓу другото, како доказ за вината на Берлускони ја наведува одлуката на италијанскиот Врховен суд, кој е највисоката судска истанца во земјата, од февруари 2010 година. Имено Врховниот суд пред две години донесе пресуда дека кривичното дело за корупција за коешто на Дејвид Милс му се судеше во одвоена постапка, застарело и ја поништи казната од 4,5 години затвор коишто на британскиот адвокат претходно му беше пресудени од страна на прво и второстепениот суд. Највисокото судско тело во Италија во образложението на тогашната своја пресуда наведе дека станува збор за „многу тежок случај на корупција“, потврдувајќи индиректно дека Берлускони го подмитил Милс. По поднесувањето на обвинителниот предлог во средата, на идната расправа ќе има збор одбраната на Берлускони, а како што објавија локалните медиуми, судијата може да ја објави својата одлука по ова прашање на 25 февруари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна американски Ф-15 во Кувајт
На социјалните мрежи се шират снимки од соборувањето на американскиот Ф-15 во Кувајт.
BREAKING:
Reports of a U.S. F-15 fighter jet having been downed over Kuwait moments ago in a friendly fire incident pic.twitter.com/rWHxiaPbl1
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Пилотот на Ф-15 е жив. Несреќата се случила во таканаречен инцидент со пријателски оган. Пилотот успеал безбедно да се катапултира и за него се погрижила група локални жители по слетувањето.
BREAKING:
The U.S. F-15 fighter jet pilot who was down over Kuwait moments ago in a friendly fire incident is alive.
He ejected and is now being taken care of by a group of Kuwaitis pic.twitter.com/XhIZK5rUTW
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 2, 2026
Досега нема реакција од САД.
Another video shows the crash of the U.S. F-15 jet in Kuwait. pic.twitter.com/JpRsECmwJa
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Свет
(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови
Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје наменето за напад врз американските бази во регионот. Видеото првично го објави иранската државна новинска агенција Фарс.
Видеото прикажува долги редици дронови наредени во тунелите, некои веќе на лансирни рампи. Ѕидовите на подземниот комплекс се украсени со ирански знамиња и портрети на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
JUST IN: IRAN RELEASES VIDEO OF DRONE TUNNEL AND FIRING THEM AT U.S. BASES
"Wait again for the sound of the death knell." pic.twitter.com/LjAugbfGzy
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) March 2, 2026
Видеото, исто така, прикажува ракети и дронови како се лансираат од повеќе локации, а целите се прикажани како цели за кои Фарс вели дека се „американски бази“.
Не е јасно кога и каде е снимено видеото. Исто така, не е јасно дали го прикажува оружјето што го користел Иран во својот одговор на нападите.
Свет
Трамп: Иран сака да преговара; Иранскиот шеф за безбедност: Нема да преговараме со САД
Иранскиот шеф за безбедност Али Лариџани, кој беше и советник на поранешниот врховен лидер на земјата, објави на Икс дека Техеран нема да преговара со САД.
لن نتفاوض مع الولايات المتحدة https://t.co/cvEweU8ODj
— Ali Larijani | علی لاریجانی (@alilarijani_ir) March 2, 2026
Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото иранско раководство сака да разговара со него и дека тој се согласил на тоа.

