Свет
Комеморација за жртвите од неонацистичкиот терор
Комеморација за жртвите од неонацистичкиот терор кои страдаа во Германија во изминатата декада ќе се одржи во четврток во Берлин.
Комеморација за жртвите од неонацистичкиот терор кои страдаа во Германија во изминатата декада ќе се одржи во четврток во Берлин.На комеморацијата, на која е најавено присуство на 1.200 гости, ќе говори германската канцеларка Ангела Меркел. Знамињата на зградите на државните институции ќе бидат спуштени на половина копје.Во ноември 2011 година германските власти открија неонацистичка и терористичка група „Националсоцијалистичко подземје“, а набрзо се испостави дека членовите на оваа група се одговорни за десет убиства ширум земјата од 2000 до 2007 година.Меѓу жртвите биле и осум сопственици на турски киосци, еден грчки државјанин населен во Германија и една полицајка. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

