Свет
Серија терористички напади во Ирак, најмалку 32-ца загинати
Најмалку 32 лица се убиени, а повеќе десетици се ранети, во неколку терористички напади во Багдад и други ирачки градови.
Најмалку 32 лица се убиени, а повеќе десетици се ранети, во неколку терористички напади во Багдад и други ирачки градови. Нападите биле изведени со помош на автомобили-бомби, информираат извори од разузнавачките служби. Во Багдад, нападите биле извршени на пет различни локации, во нив загинале најмалку 22 лица. Терористички напади биле извршени и во покраините Салахедин и Дијала. Денешните напади се најсмртоносни, уште од 14. јануари, кога во самоубиствен бомбашки напад во Басра загинаа 53 луѓе. Нападите во ирачката престолнина се случиле помеѓу 6:30 и 8 часот по локално време, во шиитските квартови Дора, Казами и Мансур, соопшти полицијата. Во Карда експлодирале неколку автомобили-бомби. Една експлозија се случила на пазар и во неа загинале најмалку 9 лица, а 27 се ранети. Во квартот Кадимија во терористичкиот напад загинале пет, а ранети биле 10 лица. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

