Свет
Организаторите на митингот за поддршка на Путин спремни да платат казна
Организаторите на митингот во знак на поддршка на актуелниот руски премиер и претседателски кандидат Владимир Путин, кој се одржа во четвртокот на московскиот стадион „Лужники“
Организаторите на митингот во знак на поддршка на актуелниот руски премиер и претседателски кандидат Владимир Путин, кој се одржа во четвртокот на московскиот стадион „Лужники“ се подготвени да платат парична казна поради кршење на условите за одржување на настанот, поради присутноста на повеќе луѓе отколку што пријавиле на властите.Како што пренесува РИА Новости, притоа заменикот на шефот на изборниот штаб на Владимир Путин, Павел Зенкович, изјавил дека не се планира наскоро да се одржат слични настани.„Кога ние поднесовме барање за присуство 200 илјади луѓе, не бевме послушани. Доколку градските власти имаат барање до нас, како организатори, тие можат да се обратат до судот, а ние сме подготвени да ја сносиме одговорноста во согласност со законот“, изјави Зенкович.Според московската полиција, на митингот во знак на поддршка на Владимир Путин, учествувале околу 130 илјади луѓе, додека во барањето на организаторите за одржување на митингот биле најавени 100 илјади учесници. Тоа може да биде квалификувано како повреда на востановените прописи за одржување на секакви собири, митинзи, демонстрации, маршеви или протести, со кои се предвидува казна од две илјади рубљи (ниту 70 американски долари).Инаку, на самиот предизборен митинг на стадионот „Лужники“ во Москва, во четвртокот настапија голем број политичари и познати руски уметници, коишто јавно ја дадоа својата поддршка за претседателската кандидатура на Путин за изборите што ќе се одржат на 4-ти март.„Задоволни сме од тоа како мина денешниот настан, се надевам дека успеавме на луѓето да им направиме празник“, рече Зенкович/крај/мф./сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

