Свет
Обама му се извини на Карзаи за палење на куранот
Американскиот претседател Барак Обама му упати денеска писмо на претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи во кое му се извинува за палење на Куранот во американска воена база во Авганистан, објави Белата куќа.
Американскиот претседател Барак Обама му упати денеска писмо на претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи во кое му се извинува за палење на Куранот во американска воена база во Авганистан, објави Белата куќа.Притоа Обама наведува дека инцидентот, кој предизвика бран протести против САД и силите на НАТО во Авганистан, не бил намерен.Писмото на Обама уследи по телефонскиот разговор на двајцата претседатели, кои на почетокот на неделата разговарале за долгорочното партнерство помеѓу Вашингтон и Кабул.„Во писмото Претседателот изрази жалење и извинување поради инцидентот во кој во воената база Баграм од небрежност лошо се постапило со верски материјал, се наведува во соопштението на Белата куќа.Талибаните ги повикаа жителите на Авганистан да ги нападнат воените бази и преку убивање на западњаците да го осветат палењето на куранот. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

