Свет
Русија го поддржа назначувањето на Анан за специјален пратеник за Сирија
Москва го поддржува назначувањето за специјален претставник на Обединетите нации и Арапската лига за сирискиот криза, поранешниот Генерален секретар на ОН, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.
Москва го поддржува назначувањето за специјален претставник на Обединетите нации и Арапската лига за сирискиот криза, поранешниот Генерален секретар на ОН, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, во петокот го назначи својот претходник Кофи Анан, за специјалент пратеник на Арапската лига и на Светската организација за Сирија.„Очекуваме дека активноста на овој авторитетен политичар ќе придонесе за решавање на горливите политички и хуманитарни проблеми во Сирија врз основа на работа со сите страни во интерес на мирот преку сеопфатен политички дијалог меѓу сириската влада и опозицијата. Со оглед на актуелниот мандат на Анан, руската страна е подготвена за тесна соработка со него во изнаоѓањето за заемно прифатливи решенија за овие проблеми“, се вели во соопштението од руското министерство за надворешни работи, пренесува .РИА Новости. Според портпаролот Лукашевич, во Москва сериозно се загрижени за моменталните судири меѓу владините сили и вооружените групи во некои области на Сирија, во прв ред во градот Хомс, каде што се забележани големи жртви меѓу сириските цивили и странските новинари.„Веруваме дека е неопходно вложување неодложни напори за што поскоро ставање крај на секое насилство, што доведе до смрт на невини луѓе …. Ги повикуваме сириската влада и вооружените групи, како и оние кои можат да имаат влијание, веднаш да ги преземат сите неопходни чекори за да се спречи натамошно влошување на хуманитарната ситуација и нејзиното решавање“, се вели во цитираната писмена изјава на портпаролот Лукашевич.Во соопштението, исто така, се истакнува дека „приоритет треба да биде обезбедувањето неодложно прекинување на огнот поради евакуирање на ранетите и настраданите во Хомс“, како и преземањето мерки за обезбедување хуманитарна помош./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

