Свет
Мандела опериран, неговата состојба е стабилна
Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, е опериран во саботата а неговата состојба е стабилна, јавува британската радиодифузна корпорација BBC, цитирајќи претставник на јужноафриканската влада.
Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела, е опериран во саботата а неговата состојба е стабилна, јавува британската радиодифузна корпорација BBC, цитирајќи претставник на јужноафриканската влада.Според првичните информации, Мандела бил подложен на операција од хернија (кила).„Можам да ве уверам дека тој (Мандела – з.р.), е во ред и е добро расположен“, изјави официјален претставник на владата, Мак Махараџ.Според него, живот Мандела е надвор од опасност. Повеќе информации за здравјето на поранешниот претседател на ЈАР ќе бидат објавени подоцна во текот на саботата, кога канцеларијата на претседателот Џејкоб Зума и семејството Мандела ќе го добијат извештајот на лекарите.Претходно во саботата, агенцијата Reuters јави дека Мaндела е примен во болница во Јоханесбург. Првиот црн претседател на Јужна Африканската Република, кој минатата година наполни 93 години, се пожалил на болки во стомакот.Ровкото здравје на Нелсон Мандела кого го викаат уште и Мадиба, ја загрижи јужноафриканската јавност уште минатата година кога беше хоспитализиран поради акутна инфекција на дишните патишта.Мандела последен пат се појави во јавноста на финалето на светското фудбалско првенство чиј што домаќин беше ЈАР во јули 2010 година.Добитникот на Нобеловата награда за мир во 1993 година, Нелсон Мандела е еден од најпознатите борци против режимот на Апартхејдот во Јужна Африка. Тој беше избран за претседател на Јужно Африканската Република во 1994 година, на првите слободни избори во историјата на земјата на коишто учествуваа рамноправно и претставници на белото и на црното население. Мандела беше претседател во периодот од 1994 до 1999 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

