Свет
Продавале техничка сол за патишта како сол за јадење
Три полски компании купувале техничка сол за посипување по улиците во зимски услови, а потоа ја преработувале, препакувале и ја продавале како сол за домаќинствата, заработувајќи огромни суми на пари.
Три полски компании купувале техничка сол за посипување по улиците во зимски услови, а потоа ја преработувале, препакувале и ја продавале како сол за домаќинствата, заработувајќи огромни суми на пари.Аферата ја откриле репортери на приватната полска телевизија ТВН, јавува дописничката на Бета од Варшава, а полскиот премиер Доналд Туск во понеделникот побара детална истрага во врска со овој случај.Во компанијата Амвил од Вроцлав купувале по 1.000 тони техничка сол месечно, а исто толкаво количество подоцна и продавале.Првите нарачки на техничка сол започнале во 2002 година, соопштија полицијата и Обвинителството во Познањ, кои ја презеле истрагата.Годишно трите компании со измама на муштериите можеле да заработат околу 1,4 милиони евра. Тие солта ја купувале по цена од седум евра за тон, ја сушеле, ја препакувале и ја продавале десет пати поскапо, како сол за јадење на компаниите во прехранбената индустрија.Пет лица се уапсени и обвинети за загрозување на здравјето на потрошувачите. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

