Свет
Франција: Холанд предложи богатите да се оданочуваат со стапка од 75 отсто
Кандидатот на француските социјалисти за претседателски избори, Франсоа Холанд предложи данокот за најбогатите да изнесува 75 отсто, што наиде на жестоки критики кај противниците.
Кандидатот на француските социјалисти за претседателски избори, Франсоа Холанд предложи данокот за најбогатите да изнесува 75 отсто, што наиде на жестоки критики кај противниците.„Данокот за супербогатите кои што заработуваат над еден милиони евра годишно, воедно ќе биде и повик за нивно домољубие“, изјави Холанд, кој според последните анкети е во водство пред актуелниот претседател Никола Саркози.„Патриотски чин е да се прифати плаќање на дополнителен данок со што би се помогнало закрепнувањето на државата“, појасни денеска Холанд, кој синоќа за телевизијата ТФ1 ја изнесе идејата лицата што заработуваат над милиони евра да се оданочуваат со стапка од 75 отсто.Во својата кампања Холанд го напаѓа Саркози дека го штити интересот на финансиските кругови и вети спроведување на даночна реформа доколку биде избран на изборите, закажани за 22 април.Претходно тој најави воведување на данок од 45 отсто за граѓаните, кои што имаат годишни приходи поголеми од 150.000 евра.Француската десница денеска предупреди дека толку висока стапка на данок би предизвикала одлив на капиталот во Швајцарија, Белгија, или во останати држави со пониски даноци. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

