Свет
Ирска ќе го стави на референдум фискалниот пакет на ЕУ
Ирска ќе организира референдум за новиот европски фискален пакт, соопшти во вторникот премиерот Енда Кени, пренесува Reuters.
Ирска ќе организира референдум за новиот европски фискален пакт, соопшти во вторникот премиерот Енда Кени, пренесува Reuters.Во Ирска ослаби поддршката за Европската унија по избувнувањето на финансиската криза во земјата, што значи дека во овој момент нема гаранции дека договорот ќе биде прифатен на гласањето. Отфрлањето на фискалниот пакет на ЕУ би нанесло штета на долгорочната можност Даблин да добие парична помош од фондовите на Унијата, а со тоа се поставува и прашањето за ирската приврзаност кон единствената европска валута. Откако во јануари Ирска застана на страната на 24-те земји членки на ЕУ коишто го прифатија договорот за построга буџетска дисциплина,, премиерот Енда Кени побара мислење од државниот правобранител за тоа дали гласањето е неопходно во вторникот во парламентот најави дека ќе биде потребен референдум.„Од ирските граѓани на референдумот ќе се бара одобрување за ратификација на европскиот договор за фискалната стабилност. Силно верувам дека од големо значење за ирскиот национален интерес тој договор да биде прифатен“, изјави Кени во ирскиот парламент додавајќи дека организирањето на плебисцитот ќе биде решено следните неколку денови. Ткн фискален пакт би требало да биде потпишан на самитот на ЕУ во март, а со него земјите потписнички ќе се обврзат дека ќе водат урамнотежена буџетска политика, ќе го сопрат растот на државните долгови и ќе почнат д аги намалуваат. Одредбите во него се дека структурниот буџетски кусок не смее да надминува 0,5 отсто од БДП-то, а јавниот долг 60 проценти од БДП-то, коишто земјите членки би требало да ги вградат во своите национални устави или во законите коишто имаат уставна тежина. Доколку се случи прекршување на договорените прописи, би следеле казни. Овој договор освен Велика Британија и Чешка, го прифатија сите други земји членки на ЕУ./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

