Свет
Најмалку тројца мртви во експлозија во Багдад
Најмалку три лица загинале а девет се ранети во средата во експлозија на бомба поставена во автомобил во главната улица во деловниот кварт во источниот дел од ирачката престолнина Багдад, јавува AFP повикувајќи се на безбедносни и болнички извори.
Најмалку три лица загинале а девет се ранети во средата во експлозија на бомба поставена во автомобил во главната улица во деловниот кварт во источниот дел од ирачката престолнина Багдад, јавува AFP повикувајќи се на безбедносни и болнички извори.Експлозијата се случила рано утрото на преполната улица во квартот ал-Амин. Медицински избори од болниците „ал-Нафис“ и „ал-Кинди“ потврдиле дека се донесени три тела на загинати во експлозијата и уште девет ранети лица. Агенцијата пренесува дека во Ирак е забележан пад на насилствата во однос на кулминацијата од 2006 и 2007 година, но нападите и натаму речиси се секојдневни и во нив во јануари загинале 151 човек низ целата земја./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

