Свет
Салехи: Производството на нуклеарно оружје е грев
Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи кој во Женева учествува на конференцијата за разоружување по покровителство на Обединетите нации, изјави дека производството на нуклеарно оружје претставува „голем грев“.
Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи кој во Женева учествува на конференцијата за разоружување по покровителство на Обединетите нации, изјави дека производството на нуклеарно оружје претставува „голем грев“.„Сакам да нагласам дека ние не гледаме никаква слава, гордост ниту сила во нуклеарното оружје. Токму спротивното, во склад со религиските одредби коишто ги објави нашиот врховен лидер, производството, поседувањето и заканата со нуклеарно оружје се незаконски, опасни и забранети како голем грев“, изјавил во Женева шефот на ирaнската дипломатија Али Акбар Салех, пренесува Reuters. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за истражувачки цели за цивилна употреба, за добивање електрична енергија и за употреба во медицината, одбивајќи ги тврдењата на западните земји дека под таа маска збогатува ураниум за развивање на нуклеарно оружје. Во последниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) се тврди дека Иран значително го забрзал збогатувањето на ураниумот, и дека до 2003 година развила нуклеарно оружје што може да го прави и во моментов. Тоа предизвика проширување на санкциите од Европската унија и САД за Техеран и забрана за увоз на иранска нафта, што резултираше со пораст на цената на „црното злато“ и поради стравот од воена конфронтација во регионот.Техеран повика на продолжување на преговорите за неговата контроверзна нуклеарна програма, но досегашните контакти на IAEA и Иран не навестија дека тие преговори би можеле да резултираат со договор кој би ги ублажил стравувањата за безбедноста во регионот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

