Свет
Саркози – цел на атентат в сабота?
Француската полиција ги проверува информациите за можен обид за атентат врз францускиот претседател Никола Саркози во Бордо, каде тој треба да престојува во сабота, информираат од обвинителството во градот.
Француската полиција ги проверува информациите за можен обид за атентат врз францускиот претседател Никола Саркози во Бордо, каде тој треба да престојува во сабота, информираат од обвинителството во градот.
„Обвинителот нареди полицијата да ја провери заканата за обид за атентат врз првиот човек на државата“, изјави преставник од обвинителството.
Според информациите во медиумите, непознат маж, кој „оставал впечаток дека е ненормален“, над 10 пати се јавил во централата на полицијата во градот и ги известил дека примил „значителна сума пари за атентат врз претседателот“.
Саркози во сабота треба да се обрати пред негови приврзаници во Бордо. Слични средби тој одржа и во Марсеј, Лил, Монпеље и други градови.
Во понеделник беше осуетен заговор за атентат врз рускиот премиер Владимир Путин, кој се бори за трет претседателски мандат. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

