Свет
Најмалку 25 лица повредени во терористички напад во Алжир
Најмалку 24 лица се повредени во саботата во експлозија на автомобил-бомба во јужниот дел на Алжир, јавува AFP повикувајќи се на локалните медиуми.
Најмалку 24 лица се повредени во саботата во експлозија на автомобил-бомба во јужниот дел на Алжир, јавува AFP повикувајќи се на локалните медиуми.Нападот се одиграл во градот Таманрасет, кој се наоѓа на 1.980 километри од главниот град Алжир. Напаѓач самоубиец со автомобил-бомба се забил во зградата на командата на градската полиција.Во градската болница биле донесени десет полицајци и 14 локални жители. Некои од повредените се во критична состојба, изјавиле болнички извори.Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад.
Последниот терористички напад во Алжир се случи на 19-ти февруари, кога во експлозија на бомба поставена на автопат загинаа четири лица.Вооружените судир меѓу властите и радикални исламистички организации во Алжир започнаа во 1992 година, кога беа поништени резултатите од парламентарните избори, на коишто победија исламистите. Од тогаш, се проценува дека во директните судири и повремените терористички акти загинале околу 200 илјади луѓе. Во текот на изминатите неколку години, благодарение на политиката што ја спроведува владата на национално помирување се зајакнаа безбедносните мерки, односно Алжир направи значителен напредок во борбата против радикалните организации. Во земјата драстично се намали бројот на вооружените исламистички групи, се намалија тензиите предизвикувани од порано честите напади на екстремистите врз припадниците на алжирските безбедносни сили и врз цивили.Во февруари 2011 година алжирските власти ја укинаа вонредната состојба којашто беше на сила цели 19 години./крај.мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

