Свет
Самоубиствен напад во јужен Јемен
Еден војник загинал во воената база Дар ал-Наср во јужната јеменска провинција ал-Бајида, во експлозија на автомобил бомба, пренесува во саботата Reuters повикувајќи се на соопштение на тамошното министерство за одбрана
Еден војник загинал во воената база Дар ал-Наср во јужната јеменска провинција ал-Бајида, во експлозија на автомобил бомба, пренесува во саботата Reuters повикувајќи се на соопштение на тамошното министерство за одбрана, потврдувајќи дека одговорноста за нападот ја преземала глобалната терористичка организација Ал Каеда.Според истиот извор, двајца бомбаши самоубијци се довезле со автомобил преполн со експлозив во воената база и го активирале. Во провинцијата ал-Бајида се стационирани силите на Републиканската гарда на јеменската армија, „Експлозијата во базата Дар ал-Наср, во која се наоѓа Републиканската гарда, беше многу силна. Детоанцијата се слушна на оддалеченост од два километра. Населението е преплашено бидејќи се искршени многу прозорци, а причинети се и други оштетувања на куќите“, изјавил неименуван очевидец. Преземајќи ја одговорноста за нападот, Ал Каеда порачала дека станува збор за одмазда за „злосторствата направени од Републиканската гарда“. Самоубиствен бомбашки напад во саботата е извршен и во близина на објект на јеменските безбедносни сили во пристанишниот град Мукала, каде што исто така еден војник загинал.Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари 2011 година е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку, а една третина се бори со хроничен глад.Противниците на Салех бараа негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 година. Али Абдула Салех, во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка. Салех, стана претседател на Северен Јемен во 1978 гoдина по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 година, застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така
Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со Иран и најави можни нови загуби.
„За жал, веројатно ќе има повеќе пред крајот. Тоа е така“, рече Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Truth Social.
„Америка ќе се одмазди за нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои објавија војна, во основа, на цивилизацијата“, додаде тој во видео порака на социјалните мрежи.
President Donald J. Trump provides an update on Operation Epic Fury: pic.twitter.com/Vte8QKpISn
— The White House (@WhiteHouse) March 1, 2026
За потсетување, тројца американски војници беа убиени, а петмина беа тешко ранети, објави американската војска, зборувајќи за првите жртви во операциите против Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во нова видео порака изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран се „точни“ и „неопходни“ со цел да се елиминира „крволочниот терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“.
„Овие неподносливи закани нема да продолжат“, рече Трамп.
Трамп рече дека САД спроведуваат „масовна операција, не само за да ја обезбедат безбедноста на нашето време и место, туку и на нашите деца и нивните деца“. Тој нагласи дека ова е „должност и товар на слободниот народ“.
Свет
(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците
Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти, изјави премиерот Кир Стармер во неделата навечер, нагласувајќи дека Лондон „нема да учествува во офанзивни акции против Иран“.
„Се сеќаваме на сите грешки направени во Ирак и научивме од нив“, рече британскиот премиер во видео објавено на Икс. „Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран… и нема да им се придружиме сега“.
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Сепак, Иран сега „спроведува стратегија на изгорена земја, а Велика Британија ја поддржува колективната самоодбрана на нашите сојузници и нашите луѓе во регионот“.
Стармер рече дека неговата земја затоа го прифатила барањето на САД за користење на британските бази за одбранбени напади против иранските ракетни складишта или лансери.
„Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британските бази за оваа специфична и ограничена одбранбена цел. Одлучивме да го прифатиме барањето за да го спречиме Иран да испукува ракети низ регионот“, рече Стармер.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Фото: Депозитфотос

