Свет
НАТО се надева на развој на соработката со Русија на претседателот Путин
Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен изјави дека се надева оти Русија ќе се одлучи за развој на соработката со Алијансата, особено за чувствителното прашање за противракетниот штит во Европа, по победата на Владимир Путин на руските претседателски избори од неделата.
Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен изјави дека се надева оти Русија ќе се одлучи за развој на соработката со Алијансата, особено за чувствителното прашање за противракетниот штит во Европа, по победата на Владимир Путин на руските претседателски избори од неделата.„Изборите веројатно ќе резултираат со континуитет на ниво на функционери и на руската политика и се надевам дека ќе донесат продолжување на заложбите за конструктивен дијалог и соработка“, меѓу Русија и НАТО, изјави Расмунсен на прес-конференција во понеделникот во Брисел, пренесува AFP.По самитот НАТО-Русија во Лисабон во 2010 година, „остваривме голем напредок во соработката, во Авганистан, во борбата против тероризмот, гусарството и нелегалната трговија со дрогите“, додал генералниот секретар на НАТО. „Се надевам дека сега ќе можеме да напредуваме и на други полиња, па и во противракетната одбрана, Русија, како и НАТО, ќе има полза од ваквата соработка“, кажал Расмунсен.„Јасно е дека не се согласуваме во сѐ, но нашите разлики не смеат во втор план да го стават фактот дека имаме заеднички безбедносни грижи во многу сфери“, додал првиот човек на Алијансата,Москва жестоко се спротиставува на развојот на противракетниот штит на НАТО во Европа. Овој систем кој потполно треба да стане оперативен во 2018 година. Според Москва претставува опасно ширење на Алијансата по руските граници, бидејќи делови од него треба да се разместени во Полска, Романија и Турција, а официјално претставува заштита на Европа од ракетни напади со балистички проектили истрелани од регионот на Блискиот исток, особено од Иран.Русија настојува од НАТО да добие официјални гаранции ставени во правна рамка дека штитот нема да биде употребен против нејзините стратешки интереси.Расмуснен во понеделникот исткана и дека следниот состанок меѓу претставници на Русија и на НАТО ќе се случи на самотот што во мај ќе се одржува во Чикаго, доколку „биде можно да се склучи договор за протвракетната одбрана“, во спротивно, „нема да дојде до средба“, додал првиот човек на Алијансата./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

